Фотографска меморија

03.07.2013 13:33
Фотографска меморија

Во 2008 година, фотографката Рејчел Сид започнала да работи на нејзиниот прв документарен филм „Фотографска меморија“. Истата таа година, таа пронашла една кутија со снимки од интервјуа кои ѝ припаѓале на нејзината мајка Шила Тарнер-Сид, која починала кога Рејчел била бебе. Овие интервјуа биле дел од еден образовен проект кој Тарнер-Сид го започнала во 1970-те години и кој бил наречен „Images of Man“. Како дел од овој проект таа интерјвуирала 10 легендарни фотографи, меѓу кои и Анри Картие-Бресон, Брус Дејвидсон и Корнел Капа. Рејчел решила да ги пронајде и останатите снимки и да повторно да ги интевјуира фотографите со кои нејзината мајка разговарала пред повеќе од четириесет години.

Се работи за еден личен документарен филм за потрагата на една ќерка по мајката која никогаш не ја запознала, преку нивната заедничка љубов за фотографијата, преку кој авторката се обидува да ја долови моќта на „меморијата на фотографиите“. Трејлерот за филмот, кој моментално е во фазата на продукција, може да се погледне на интернет-страницата на Рејчел Сид.

Во прилог можете да ги погледнете фотографиите од проектот „Images of Man“, како и od документарниот филм „Фотографска меморија“ на Рејчел Сид, посветен на заедничката страст кон фотографијата, која таа ја делела со својата мајка.




Извор: The New Yorker

 

ОкоБоли главаВицФото