Candor: Уметноста на гестикулацијата

10.09.2015 13:52
Candor: Уметноста на гестикулацијата

Фасцинацијата од источната духовност го поттикнала њујоршкиот фотограф и режисер, Кристијан Вебер да работи на проектот Speak and Spell, серија фотографии кои ги истражуваат човечките гестикулации.

Овој проект ја поттикнал соработката со уметничките директори Мариус Зорила и Кику Аромир, и писателот Тони Сегара. Од таа соработка произлегол новиот краток филм со наслов Candor кој ги анализира потребите и условите кои ги бара една успешна врска. Под влијание на раните кратки филмови на Питер Гринавеј, како и класикот од 1967 година, The Perfect Human, на Јорген Лет, графичката природа на црно-белиот филм овде ја нагласува драматичната текстура на кожата. 

„Според мене тоа беше обид да се оди по таа тенка линија помеѓу создавање анимации или илустрации, но со потенцирање на човечките гестикулации и самосвесни моменти", објаснува Вебер, чии клиенти се Levi’sMyspace иBottega Veneta.

Без разлика дали станува збор за случајно потчукнување со прстите, за начинот на кој дофаќате нечија рака или начинот на кој со прстот ќе допрете нечиј туѓ прст - сите тие работи значат нешто. Тоа е основната поента: таа чиста човечка чесност или искреност која постои во нашите односи, и начините на кои комуницираме едни со други“. Но, што ако едноставно не можете да се поврзете со некој што вам ви е посебен? Во тој контекст, веб сајтот NOWNESS ја замоли канадската писателка Шeила Хети, којa стои зад книгата на годината на New Yorker за 2012 година, How Should a Rerson Be?, да филозофира за проблемот на спојувањето.


Ве молиме, не раскинувајте!

Пред неколку години се навлеков на еден блог наречен Please Don’t Break Up. Таму се прикажуваа пронајдени фотографии на двојки, а под секоја фотографија имаше чудна, смешна, поетска молба (и стрип), напишана од страна на администраторот на сајтот, Дејвид Динен-Портер.

Под фотографијата на една среќна двојка во костими за капење, кои стојат прегрнати пред Големиот Кањон, тој го напишал следново: Ве молам немојте да се одлучувате да живеете во посебни апартмани. Тоа би било најтажнотно нешто. Стара прегрната двојка во бледо сина формална облека, во дневна соба од седумдесетите : Ако вашата врска била анимална, тоа ќе биде симпатична бебе верзија на тоа животно. Не престанувајте на одите на состаноци. Ве молиме, не раскинувајте, Џет и Фарук. 

Секојдневно мислев на сајтот. Please Don't Break Up се чувствуваше како изгубена мала мудрост во нашиот свет - толку едноставна. Фразата се вртеше одново и одново во мојата глава, како некоја убава песна. Бев трогнат од идејата дека некој се вложува во судбината на врската на друга личност, па дури и на непознати луѓе. Идејата дека луѓето треба да бидат заедно, едноставно затоа што тие веќе биле заедно ми се чинеше смешна, предвидлива, но и длабока. За првпат сфатив: Посветеноста, не само што е важна за љубовта, таа ја прави да биде љубов.

Кога бев со моето момче, копнеев да бидам со пријателите, а кога бев со пријателите, се критикував затоа што не сум од оние посветените кои би можеле да направат љубовта да трае. Почувствував дека нешто не е во ред со мене. Please Don't Break Up изгледаше како елемент што му недостига на мојот живот и животите на моите пријатели кои живееја како што живеев и јас, патувајќи од една личност до друга. Но зарем немаше да ни биде полесно интимно да се повлечеме во долга врска, доколу бевме малку помалку непристрасни за животите на нашите врсници - ако нашите раскинувања имаа некаков резонантен ефект на нашата заедница? Колку глупави бевме што ја избегнавме оваа инвестиција. Ве молиме не раскинувајте, кога на врската ѝ се гледа крајот.

Сето ова се случува во времето на големи природни катастрофи во светот. Се сеќавам дека читав извештаи на интернет за луѓе заглавени на аеродромите. Тие морале со недели да останат во Јапонија, Америка, или каде и да биле. Некои дури и не можеле да преминат во градот. Многу двојки кои планирале да раскинат биле принудени да продолжат да живеат заедно поради поплавите и силните ветрови кои направиле голем пустош. Се чинеше како самата Мајка Природа да извикува: Ве молам, не раскинувајте!

Неколку месеци подоцна прочитав приказна за една од овие двојки кои почувствувале дека на нивната љубов ѝ се ближи крајот и сакале да се разделат, но, поради едно скршено палмино дрво кое ја блокирало нивната влезна врата, завршиле среќно венчани.

Понекогаш е потребна внатрешна сила за љубовта да трае. А понекогаш доаѓа однадвор, како ветровите да шепотат преку прозорците велејќи: „Денес не е ден за разделби“.

Извор:www.nowness.com

ОкоБоли главаВицФото