1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 03:59
Фото-кино клуб „Козјак” oд Куманово ги соопшти резултатите од конкурсот за фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2024 . Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови.
Наградени се филипинскиот „Жими сè најмило” режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол”, со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат” (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода” режиран од Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри” (Русија) како најдобар краток филм.
Овогодинешниот ФИЛМАЈ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток) во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште 11 официјално селектирани филмови. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.
Информации и детали може да се следат на адресите: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ, како и на ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2024.