Конкурс за јубилејно лого во чест на „50 години Кинотека!”

16.01.2024 09:05
Конкурс за јубилејно лого во чест на „50 години Кинотека!”

Во чест на јубилејот „50 години Кинотека” што ќе се одбележи во 2024 година, Кинотеката распиша конкурс за специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година.

Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека”:

Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства, освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.

– Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).

– Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.

– „50 години Кинотека” не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).

– Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.

– Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија.

– Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;

– Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.

– Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.

– Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видео настан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.

Услови за учество на Конкурсот:

– Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.

– Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија.

– Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ;

– На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд.

– Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.

– По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение.

– Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.

– Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);

– Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:

(а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),

(б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).

– Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.

– Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.

– Конкурсот трае до 31.01.2024 година.

– Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот.

– Неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите.

Повеќе информации за правата и условите за учество, на kinoteka.mk

Извор: https://kinoteka.mk