„50 години македонски анимиран филм“ од 10 до 22 ноември

08.11.2021 14:37
„50 години македонски анимиран филм“ од 10 до 22 ноември

Во среда, (10 ноември) со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар ќе започне настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите од „златното доба“ и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“ која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.

Оваа година се навршуваат точно 50-тина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години – создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин.

По „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали.

Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Северна Македонија, Вардар Филм и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм на Република Северна Македонија, Министерството за култура и Град Скопје.

 ПРОГРАМА

- 10 ноември
20ч. Отворање , проекција на „Ембрио № M“ првиот македонски анимиран филм. Изложба во галерија 1 - Македонски анимиран филм 1971 – 1991 (изложба на оригинални артефакти од анимираните филмови)
Изложба во галерија 2 - Македонски анимиран филм Сцената денес (изложба на оригинални артефакти од анимираните филмови)
(Изложбите ќе траат до 22 ноември)

- 11 ноември, кино Фросина
19ч. Дискусија – Македонски анимиран филм 1971 – 1991 (разговор за истражувачкиот проект и публикацијата „ Македонски анимиран филм 1971 – 1991“.
20ч. Проекција - 1971 – 1991
Стрелби – Дарко Марковиќ
Феникс – Петар Глигоровски
Тоа е мојот живот – Боро Пејчинов
Хомо екраникус – Делчо Михајлов
Парабола – Мирослав Грчев
Повлечи-потегни – Мице Јанкуловски
Демагог – Славољув Игњатовиќ
Чистач – Милутин Рогановиќ
(Нај) Тешкото – Афродита Марковиќ

- 12 ноември, кино Фросина
19ч. Дискусија - Македонски анимиран филм - За сцената денес (разговор за предизвиците на авторите на анимиран филм денес)
- 20ч. Проекција - Сцената денес
Една – Вук Митевски
Кружно патување на монахот – Жарко Иванов
Народен фронт 12 – Иван Ивановски
Човекот што не сакаше да умре – Гоце Цветановски
Готлиб – Крсте Господиновски
Карантин – Иван Андреевски
Живот во меур – Никола Дрвошанов и Натали Мекмехон
Девојката што паѓа – Владимир Лукаш

Слични содржини

Уживање / Култура / Уметност / Филм / Историја
Графички Дизајн / Култура / Историја
Култура / Филм / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото