Отворен конкурс за „Филмај 2021“ – меѓународниот фестивал за краток филм

15.12.2020 11:57
Отворен конкурс за „Филмај 2021“ – меѓународниот фестивал за краток филм

Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово известува дека е почнат конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” и дека пријавувањето ќе трае до 15 март 2021 година.

Конкурсот е отворен на 14 декември 2020 и важи за кратки играни и документарни филмови со траење до 20 минути. Ќе се прифаќаат и пријави за експериментални филмови (изземајќи ги анимираните). Филмовите кои ќе аплицираат е потребно да се завршени по 01.01.2018 година.

Пријавувањето за учество е преку платформата FilmFreeway на следниов линк .

На конкурсот ќе се доделат четири награди:
- награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија
- награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија
- награда “Koзјак” за најдобрo сценарио
- награда за најдобар македонски (домашен) филм

Организаторите соопштуваат дека пријавувањето на конкурсот за македонски кратки филмови е бесплатно, со намера да се поттикне нивната продукција и прикажување, како и да се создаде и негува желба кај публиката за уживање во кратките филмови.

Детали за фестивалот со известувања и новости ќе може да се следат на ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ

Информација за членови на жирито на ФИЛМАЈ 2021 ќе биде дополнително објавена.

Резултатите од конкурсот за кратки филмови ќе бидат соопштени на 3 мај 2021. Фестивалот е планирано да се одржи на 28 мај 2021.

Првото издание на фестивалот се одржа на 29 мај 2019 година, во Занаетчиски дом – Куманово со присуство на публика од 200 луѓе. Второто издание, пак, се одржа на 29 септември годинава во големата сала на Центарот за култура `Трајко Прокопиев` - Куманово. Од постоечки 700 места во салата, согласно протоколите за публиката беа дозволени 110, и во најголем дел беа пополнети од посетителите во фестивалската вечер.