Конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019”.

08.04.2019 09:19
Конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019”.

Во организација на фото-кино клуб “Козјак” – Куманово е отворен конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2019”.

Пријавувањето на конкурсот трае до 5 мај 2019 и е отворено за учество на сите филмски дела, направени од професионални и непрофесионални поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален, анимиран. Кратките филмови треба да се во должина до 30 минути.


Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк , како и на е-mail адреса filmaykozjak@gmail.com 

На конкурсот ќе се доделат три награди:
- награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија
- награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија
- награда за најдобра приказна/сценарио

Дополнителни детали за фестивалот со известувања и новости може да се најдат на следниве адреси: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ и ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2019 . Фестивалската веб-страна е http://filmay.kozjak.mk .

Фестивалски проекции ќе бидат на 29 мај 2019 (среда) во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок”).

Идеи од кои се води фестивалот се следниве:
ФИЛМАЈ смета дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар.
ФИЛМАЈ започнува како меѓународен филмски фестивал, воден од идејата дека големи промени се постигнуваат преку низа мали чекори.
ФИЛМАЈ има намера да поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат од надвор-од-кутијата.