Скопски филмски предизвик на „Ѕирни05”

06.10.2023 11:08
Скопски филмски предизвик на „Ѕирни05”

Ако сте професионален режисер или филмски љубител и сакате да направите филм, ова е вашата шанса. Со учество на овој натпревар, секој пријавен филм ќе биде прикажан на големо платно пред публика.

48h Film Challenge е платформа која се организира во повеќе од 50 града низ светот, а како дел од програмата на филмскиот фестивал Ѕирни05, заедно со Skopje film challenge ќе биде организиран и во Скопје, во кафе и филм „Котур”. Пријавете се на skopjefilmchallenge@gmail.com. За правилата и сите дополнителни информации на следниот линк: shorturl.at/jsCP7

Ако го прифатите предизвикот треба да соберете свој тим и имате 48 часа да го создадете своето филмско дело.
За да биде предизвикот во натпреварувачки дух, ќе се објават три збора (насоки) кои треба да се дел од секој филм. Три члено жири составено од филмски професионалци (режисер Игор Христов, директор на фотографија Ѓорѓи Клинчаров и монтажер Горјан Гешовски) ќе решава кои се трите најдобри филма и ќе доделат три награди.

На 6-ти Октомври (петок), од 18:00 часот во кафе и филм „Котур” ќе се одржи воведно предавање од 45 минути за сите заинтересирани тимови и точно во 19:00 часот ќе бидат објавени трите збора/ насоки, со што официјално ќе започне филмскиот предизвик кој ќе трае 48ч, до 8ми октомври (недела), 19:00 часот, кога е и последниот рок на предавањето на филмовите.

Филмовите ќе бидат прикажани следниод ден на 9-ти октомври (понеделник) во парк Форум, веднаш до кафе и филм „Котур” или во кино салата на „Котур”, од 19:00 часот.