Самоубиствата на писателките како моден едиторијал?!

25.07.2013 10:08
Самоубиствата на писателките како моден едиторијал?!

Американскиот магазин Vice предизвика бран критики откако го објави контроверзниот и невкусен моден едиторијал „Последни зборови“ (Last Words), инспириран од самоубиствата на познати писателки.

Фотографиите на Анабел Мехран, објаснуваат од Vice, „го слават книжевното наследство“ на седум писателки: Вирџинија Вулф, Силвија Плат, Ирис Ченг, Дороти Паркер, Шарлот Перкинс Гилман, Санмао и Елис Кауен. На фотографиите гледаме модели облечени во скапа облека како ги портретираат писателките во мигот на нивната смрт (или барем во обидот за самоубиство).

Вирџинија Вулф држи камен на градите одејќи кон река, Силвија Плат седи на подот гледајќи во отворена рерна, Санмао стега јамка направена од свилени чорапи, Ирис Ченг седи во паркиран автомобил со пиштол вперен во себе...

Иако фотографиите се проследени со образложение, кратки објаснувања на околностите во кои овие писателки ги прекинале своите животи и датумите на раѓање смрт, модниот едиторијал по неколку дена е повлечен од веб страницата на Vice, затоа што премногу читатели и читетелки ги упатиле своите критики и протести поради претставувањето на самоубиството како моден израз.

Извор: www.vice.com

Слични содржини

Мода / Фотографија / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око
Мода / Фотографија
Мода / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото