Вечна камуфлажа

01.08.2023 15:56
Вечна камуфлажа

На секоја фотографија, перуанската уметница Сесилија Паредес е главниот субјект - дури и кога скулптурните креации се појавуваат како апстрактни концепти или кога таа се повлекува во наборите на обвивните материјали - нејзиното тело останува секогаш присутно.


Сесилија Паредес е родена во Лима, Перу. Моментално живее и работи во Сан Хозе, а долги години живеела во Филаделфија, САД. Нејзината фотографска работа се занимава со појавноста, пејзажот и невидливото тело.

Низ своите креации, Паредес успева да се трансформира себеси во израз на нејзината внатрешност. Нејзиното тело, празно платно, служи како празен сад кој ја одразува околината во која таа се движи, како и нејзините чувства.

На пример, на првата фотографија погоре, во моментот кога таа речиси целосно исчезнува во наборите и ластарите на темната, дамастна ткаенина - нејзините впечатливи очи нè вовлекуваат во рамката и ни даваат влезна точка преку која можеме да се вклучиме.


Во тој контекст уметницата Сесилија Паредес вели: „Дел од она што нè прави луѓе е нашата способност да гледаме подалеку од тесната врата низ која влегуваме во светот - да растеме надвор од културата со која сме пораснале, со препознавање на други култури, други обрасци на живот.

Сепак, нашата родна култура е секогаш втисната во нас; мистеријата на идентитетот никогаш не е целосно решена. Припаѓаме на едно време и место на кое никогаш не можеме да му се вратиме”.


Фото-перформансот на Сесилија Паредес го прикажува нејзиното сопствено камуфлирано тело со слики или ткаенини. Паредес на човечкото тело гледа како на совршено средство на мислите. Сепак, нејзината серија слики не зборува за човечкото тело, туку за неговата лоцираност и неговата врска со околината.

 

Извор: https://www.lensculture.com/

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око
Мода / Фотографија / Око
Мода / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото