Во кожата на животните

14.08.23 12:09

Сесилија Паредес е перуанска перформативна уметница и фотографка чии драматични трансформации се инспирирани од социјални и еколошки грижи. Преку моќните живи скулптури каде што го комбинира човечкиот израз со убавината на природниот свет, Паредес се сместува во кожата на различни видови животни, употребувајќи боја за тело, природни материјали и реквизити.

Преку своите храбри перформанси оваа уметница ја доловува убавината и ранливоста на животинското царство и сето тоа го документира во живописни фотографии.

Како сведоци на нејзините трансформации, ние го доживуваме светот низ очите на нашите пријатели животнските суштества, но го чувствуваме и стресот на човечките избори кој влијае на нивната благосостојба.

Исполнети со минливи визии за животот во нивната кожа, дали ќе успееме суштински да ги преиспитаме нашите ставови кон овие благородни суштества?

Драматичните изведби на Сесилија Паредес претставуваат и евокација на церемониите и духовните традиции на домородните народи. Овие традиции често се вкоренети во верувањето дека сите природни објекти имаат душа или дух.

Во многу домородни култури, животните се почитувани како духовни водичи и се користат како претстави во фолклорот, митовите и религиозните практики. Во Северна Америка, оваа духовна врска се изразува преку церемонијални танци како што се изведбите на домородните американски танчери.

„Папагалот“ е инспириран од таканаречениот „човек птица“ во Костарика, кој се грижел за стотици тропски птици, вклучително и кецали и скарлетни ара папагали. Птиците биле купени од ловокрадците на гнезда за да се чуваат како домашни миленици, но биле напуштени од сопствениците кои не биле подготвени да се грижат за нив.

„Бев толку импресионирана од оваа приказна што неуморно ја истражував. Сакав да ја следам трагата на птиците што овој човек ги спасил и пуштил во дивината“. Паредес собирала пердуви од засолништето каде што птиците биле згрижени и ги обликувала во свечена наметка. „Тоа го подготвив за церемонијата на триумфирање на живот на животните кој е толку загрозен. Тоа е мој начин да им оддадам почит“.

Извор: https://www.artworksforchange.org/

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Мода / Фотографија
Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото