Драматичната модна фотографија на Елизавета Породина

10.05.2019 14:53
Драматичната модна фотографија на Елизавета Породина

  Елизавета Породина е фотографка и клинички психолог од Москва. Нејзините драматични и предизвикувачки фотографии се објавувани во Vogue и Harper’s Bazaar. Во своите дела таа оди многу подалеку од вообичаените практики во светот на модната фотографија. Меѓу нив има портрети обоени од внатрешни превирања и мрачни навестувања. Породина се фокусира на ненадминливите далечини помеѓу луѓето и на преден план ги поставува методите на маскирање - без разлика колку блиску камерата се приближува до субјектот, често сè што може да се види се границите. Фигурите во нејзините фотографии се површини врз кои проектира наративи, фантазии и себерефлексии.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: www.muenchner-stadtmuseum.de; www.porodina.net

ОкоБоли главаВицФото