1026 hPa
80 %
1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 15:59
Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2023, по шести пат го распишува конкурсот за македонски стрип. „Лифт”, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.
Наградата „Лифт” се доделува еднаш годишно.
Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе ни испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). Значи, почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16 страници.
Наградниот фонд изнесува 400 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбеди Темплум.
Предвидени се три награди: од 200, 120 и 80 евра. Најдобро оцененетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум”.
Ќе се потрудиме да организираме и изложба и објава во публикација на најдобро оценетите дела.
Жирито го сочинуваат Јана Јакимовска, Владимир Трајановски и Никола Гелевски.
Стриповите треба да ни ги испраќате, скенирани, по електронска пошта, до 10-ти декември 2023 година, на следнава адреса: stripnagradalift@gmail.com
Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата - со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор.
Мејлови за контактирање:
stripnagradalift@gmail.com
templum.skopje@gmail.com
Овде можете да ги видите пристигнатите и наградени дела од минатогодишното доделувања на наградата „Лифт”.