Социјалниот документаризам на Себастијан Салгадо

01.12.23 16:08

Борбата против запалените нафтени бунари, Кувајтските нафтени полиња, 1991 година.

Бразилскиот фоторепортер Себастијан Салгадо е награден oд Светските награди за фотографија на Сони за 2024 година. Салгадо, кој за своите социјални документарни проекти пропатувал во над 120 земји, ќе биде добитник на наградата за исклучителен придонес во фотографијата. Овој чин претставува најсоодветен начин на покажување почит кон Салгадо, чија кариера трае повеќе од педесет години.

Завиени во ќебиња за да се заштитат од студениот утрински ветар, бегалците чекаат пред кампот Корем. Етиопија, 1984

Познат по своите извонредни црно-бели фотографии, Салгадо го започнува својот живот како економист работејќи за Меѓународната организација за кафе. Професионално често патувал во Африка, а токму за време на тие патувања почнал посериозно да се занимава со фотографија. Себастијан Салгадо ја започнл својата кариера како фотограф со полно работно време во 1973 година и оттогаш не престанал да фотографира.

Камп Бенако, Танзанија, 1994 година

„Почнувајќи од потресните портрети на домородните заедници и индустриски работници, до истражувања за миграцијата и впечатливите панорами на природниот свет, препознатливиот фотографски стил на Салгадо има голем одек кај глобалната публика“, споделува Светската организација за фотографија, која ги организира наградите. „Неговите фотографии, изложени низ водечките културни институции и претставени во големи публикации ширум светот, станаа симбол на современото фотографско новинарство“.

Бегалци кои се кријат под дрвјата за да избегнат надзор на владиниот авион, Тигре, Етиопија, од серијата Миграции, 1986 година

Десетици фотографии од Салгадо ќе ги красат ѕидовите на лондонската куќа Сомерсет како дел од изложбата на Sony World Photography Awards во 2024 година. Од 19 април до 6 мај 2024 година, изложбата е прекрасна можност да се види во живо работата на талентираниот фоторепортер.

Грбови, Сера Пелада, Бразил, од серијата Работници, 1986 година.

Некои од фотографиите кои ќе можат да се видат се дел од неговиот проект „Работници”, кој ги испитува ефектите од тешка физичка работа во неколку индустрии и како и проектот „Амазонија”, кој се фокусира на амазонската шума во Бразил и домородните народи кои ја населуваат.

Говедскиот логор Динка во Амак, Јужен Судан, од серијата Генеза, 2006 година

„Почестен сум што ја добив оваа награда и што знам дека она што го работам допира до публиката“, вели Салгадо. „Фотографијата е мојот начин на живот, таа е мојот јазик и во текот на мојата кариера отсекогаш сум бил заинтересиран да го доловам историскиот момент во кој живееме и да ги раскажувам приказните за нашиот вид и нашата планета. Фотографот фотографира со своето наследство, а во мојата работа се трудам да го истражам нашето заедничко човечко искуство”.

Кампот Иванкоко, Хрватска, 1994 година

Познатиот фоторепортер Себастијан Салгадо е добитник на наградата за исклучителен придонес во фотографијата на на Светските награди за фотографија на Сони за 2024 година. 

Јуракруз, провинција Имбабура, Еквадор, 1998 година

Гома, Заир, 1994 година

Предградијата на Гватемала

Жени што носат цевки, Раџастански канал, Индија, од серијата Работници, 1989 година

Солта на земјата

Зо'е мажи во домородната територија Зо'е, во државата Пара.

Ашанинка, држава Акре, Бразил 2016 година

Ледениот брег помеѓу островот Полет и Шетландските Острови, Антартика, од серијата Генеза, 2005 година.

Пингвини со шипка на санта мраз помеѓу островите Заводовски и Високои, Јужни Сендвич Острови, од серијата Генеза, 2009 година

Моржови во заливот Сент Ендрус, Јужна Џорџија, oд серијата Генеза, 2009 година

Леопард во долината на реката Бараб, Дамараланд, Намибија, 2005 година

Морска игуана (Amblyrhynchus cristatus). Како и другите ектотермални влекачи, морската игуана мора да ја регулира сопствената телесна температура: штом изгрее сонцето, таа лежи рамно, загревајќи што е можно повеќе површина на телото додека температурата не достигне 95,9 ° Фаренхајти (35,5 ° Целзиусови). Потоа ја менува положбата за да избегне прегревање. На морската игуана и е потребна висока телесна температура за да плива, да се движи и да вари. Галапагос. Еквадор, 2004 година“.

Извор:https://mymodernmet.com/

Слични содржини

Фотографија / Наука / Око / Историја
Фотографија / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото