Мемориски чип кој работи како човечкиот мозок

25.01.2024 12:34
Мемориски чип кој работи како човечкиот мозок

Истражувачите од Универзитетот „Самјук” во Јужна Кореја создадоа нов мемориски чип кој го имитира паралелното процесирање на човечкиот мозок.

Уредот е составен од тенок материјал со халкогенид и атоми на сребро. Оваа иновација не само што ја заобиколува потребата за електрична струја во производствениот процес, туку и овозможува работа со мала моќност.

Уредот овозможува мала потрошувачка на енергија и ја имитира паралелната обработка на човечкиот мозок. Тој успешно препознал 92 отсто од цифрите во база на податоци за време на тестирањето, објаснува професорот Мин Кју Јанг. Освен тоа, уредот покажал издржливост со работа на 85 Целзиусови степени цели два часа.

Оваа технологија може да одговори на побарувачката за зголемен капацитет на меморија кај полуспроводниците, особено во апликациите за големи податоци. Таа може да биде искористена за создавање таканаречени невроморфни чипови, кои ќе бидат следната генерација на полуспроводници за системи со вештачка интелигенција.

Долгорочно, потенцијалот на овие уреди се протега на моделирање биолошки синапси во човечкиот мозок благодарение на нивната работа без електро-формирање и малата потрошувачка на енергија.

Извор:https://interestingengineering.com

ОкоБоли главаВицФото