1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:41
Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, новата сезона ја отвора со модната изложба „Носиме Уметност / llevamos Arte / nous portons l’Art”, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.
Изложбата ќе биде отворена денес, 26 јануари (петок), во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 48) од страна на претставници од Амбасадата на Франција и на Шпанија.
Оддавајќи им почит на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, која со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека веќе организираше модна ревија во Музејот на град Скопје.
Преку избор на дел од овие модни креации, создаден е омаж на еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година.