Боли глава

Грујо - командант на Собранието

Драг мој владетелу, ти се обраќам тебе, оти оној другион си седи во бачилото, оти ова што се случува ниту е албанско питање, ниту е конкурс за тендери. Значи владетелу, од твоето вечерашно „пригодно“ обраќање на нацијата се согласувам со едно. Иако меѓу редови беше искрен па призна, штом се извинуваш на избрканите новинари дека ТИ, а не лицето Трајко Вељановски, владееш и со Парламентот и издаваш наредби кој да влезе, кој да излезе, кој да биде тепан кој не. Додуша на натепаните опозициски пратеници не им се извини, знам, ти би им направил и уште повеќе оти ти пречат во твојата замисла да владееш со се, па и со опозицијата.

Добро е, контролата врз медиумите ти функционира, наредбата преку Мартинчо ја примиле менаџерите на тв станиците, на државната и така не и треба опомена, новиот твој бран си ја работи „супер“ работата, според мене многу многу посрамно и од оние пред нив. Значи да знаеме, мракот на тв екраните и полицајците на Гордето наоружани до заби, сосе онаа сирота твоја фаланга кобајаги спонтано дојдена, ќе бидат твојот одбранбен штит, така ќе се браниш и нема да ја даваш власта.
Ацо Кабранов; „Либертас“, 25.12.12.

нема
25.12 2012
Бранко тетовиран во срцето

Ти да го браниш ВМРО… па тебе бре, Бранко ти е тетовиран во срцето а можда и на повеќе места. Ти вмровка? Па се превртуваат генерации вмровки во гробовите од срам. Ни се смее СДСМ зашто ти всушност штрајкуваш против своите. Ти обезбедуваш плата? Тешко на тие глумци. А си имала богами и одвратнни улоги само не ги гледале луѓето… среќа.

Тони Михајловски, актер, и’ пишува на Јелена Жугиќ, директорка; Фејсбук / Либертас, 24.12.12.

нема
24.12 2012
Протестот на обидите

Денес штрајкуваа уметниците?!? Повеќето беа техничари, хигиеничари и гардеробери и неколку неуспешни обиди за уметници.
Тони Михајловски, актер; „Либертас“, 22.12.12.

нема
23.12 2012
Исфрлање на непослушната

Зоран Љутков: „Па што сте се напикале по државни институции, ако не ви значи обновувањето на истите и што се тепате да конкурирате за работа во истите. Ај на маало и прајте си театро. Прв ќе ви дадам поддршка!“
Мери Георгиевска: „Зоки, пет функции извршуваш, а маваш по една самохрана мајка!! Не очекував од тебе.“
Фејсбук / Плусинфо, 21.12.12.

нема
22.12 2012
Во еден ден - пет милиони евра за реклами

Во ек на кампања, пет дена пред изборите за еден ден се потпишани 29 договори за реклами во вредност од 317 милиони денари или 5 милиони евра. Дали е тоа случајно? Па, Бранко Лустиг да го викневте и Спилберг и Лукас, со помалку пари ќе поминевте.
Радмила Шекеринска, пратеничка, реплика во Собранието; „Утрински весник“, 20.12.12.

нема
22.12 2012
Што не кажуете вакви работи?! Се дуплирало џидипито!

Тврдите дека задолженоста во апсолутен износ се зголемила, но не споменувате дека е дуплиран домашниот бруто-производ и дека исто така се речиси удвоени и девизните резерви.
Илија Димовски, пратеник, во Собранието го халуцинира македонскиот БДП; „Утрински весник“, 20.12.12.

нема
21.12 2012
Спружување

Ќе те спружам на насловна страница!
Илија Димовски, пратеник и вд уредник на сите медиуми во РМ, во собранието му се заканува на опозициски пратеник; „Плусинфо“, 20.12.12.

нема
20.12 2012
Мајмуни во Прилеп

- А бе не се дери, не е ова мајмуни во Прилеп!
Благородна Дулиќ, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, му се обраќа на опозиционен пратеник од Прилеп; „Плусинфо“, 18.12.12.

нема
19.12 2012
Некои нови клинци

Во 2010 започнува нова етапа. Некои нови клинци, со нов ентузијазам решија повторно да градат. Ни ги претставија своите идеи и визии во 3-Д виртуелна анимација. Одеднаш некаква топлина во нас, визури на Скопје за кое отсекогаш сонував, мечтаев. Визури во кои Скопје, градот од нашите соништа како птицата феникс никнува виртуелно паралелно со градењето на Театарот, Музејот на револуцијата, Филхармонијата, Уставен суд, мостовите.
Алјоша Симјановски, режисер; „Утрински весник“, 17.12.12.

нема
18.12 2012
Груевизмот на ургентно

 Инаку, во однос на Македонија, немам дилеми дека само лекарите можат да ја излекуваат оваа држава. За таа цел, нема потреба да го прекинуваат штрајкот. И сега не ги враќаат итните случаи.

Стево Пендаровски, „Граѓански“, 15.12.12.

нема
16.12 2012
Успех и задоволство

Ми претставува огромно задоволство што денеска имам можност да го споделам со вас моето задоволство од уште еден успех во процесот на европската интеграција на нашата земја.
Теута Арифи, вицепремиер, по уште едно недобивање на преговори од ЕУ; „Вест“, 12.12.12.

нема
15.12 2012
Темелна размисла и исконски одговори

Инаку најекспресивна изјава неделава, за и околу идиотизмот на преродениот Македонец е онаа на А. Станкоски, алиас Рембрант, дадена во серија со некои негови пљампаници во еден неделник. Сигнификантна е како израз на јаловата вознесеност на преродените мутанти исправени пред црната плоча (Одисеја 2001) на големите прашања на историјата, кои ги чекаат демек нив за да бидат одговорени! Рембрант ја остава за момент коската што ја држи в раце и со кататоничен поглед по хоризонтот, стресува: „…Она што недостига е темелна размисла (sic)…анализа и доаѓање до исконските одговори на нештата...“ Јеботе „мисао“! Кратка и конфузна, полна со себе и празна со сè останато. Јако преродени… јако и јебитачно!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, дневен „Фокус“, 11.12.12.

нема
14.12 2012
Темелна размисла и исконски одговори
нема
14.12 2012
Макијавели via Ајнштајн

Како што рекол Ајнштајн, целта ги оправдува средствата.
Сузана Анова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ; „Плусинфо“, 12.12.12.

нема
13.12 2012

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото