Боли глава

Добар СРД нива чува

За честитки е сето она што го постигна Советот за радио дифузија, за медиумскиот простор да функционира како што бараат европските стандарди.

Ѓорге Иванов, „Фокус“, 04.09.12.

нема
05.09 2012
Гебелсите меѓу Африм и Борат

Настрана опседнатоста со Alte Balkanische Kitsch на архитектонска мегаломанија и коњокласицизмот како потсвесна метафора за јавнатиот народ, новоапсолутистите и не се одликуваат со некоја посебна мас-културна иконографија. Се' што е способна оваа авторитарна власт да измисли се периодичните спин-оф верзии на црнокошулаштво, трапаво пропагирање на конрададенауровски постнационалсоцијализам и медиумските гебелси во криза на идентитет помеѓу Африм и Борат. Во пакет со јужно тажни копии на домашниот Вагнер-болшевизам во ликот на грст скржави млади студенти облечени како антички Александар и Хефастион и нивните партизански наследници Мирко и Славко.

Арсим Зеколи, „Утрински весник“, 02.09.12.

нема
03.09 2012
Гебелсите меѓу Африм и Борат
нема
03.09 2012
Колекционер на брендови

Новинарот: Велите Македонија е рај за инвестиции, ниски даноци, договори со сите земји на европскиот континент, што тогаш Канада може да ви понуди вам?
Груевски: Имаме големи инвеститори, познати брендови од Германија, Америка, Британија, Русија…. но немаме од Канада. Затоа сме тука.

Никола Груевски, интервју за канадската BNN; 30.08.12.

нема
31.08 2012
Гордиот Еским

Горд сум што припаѓам на културната традиција на народ чијашто историја не бележи пример за насилно уништување на нешто што создавале припадниците на други народи.

Александар Вулин, директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, предлага Србите да заборават на уништувањето на Дубровник, Вуковар, на палењето на сараевската библиотека, рушењето на џамии и на слични културни акции; „Е-новине“, 27 август

нема
30.08 2012
Заев од ДПМНЕ

Зна­ев дека половина од СДСМ-овците се на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ. Ама се от­кри дека барем еден ВМРО-вец е на привремена работа во СДСМ. Се вика Зоран За­ев. Гради цркви и плаќа српски турбофолкерки.

Горан Михајловски, „Вест“, 25.08.12.

нема
27.08 2012

И што е најбитно, пропушта воздух. Тоа е најклучно за душек - да диши. Да, еднонасочно. Пошто мушама ако стаиш - ги поти, а ова треба да биде еднонасочно - да пропушта воздух, а да не впива течности... Технологија, технологија!

Никола Тодоров, министер за здравство; „Фокус“, 24.08.12.

нема
25.08 2012
2
Тројца седат на фонтана

Во златна Македонија Александар по 2.500 години го направи најуспешниот поход. Ги помири мајка му Олимпија и татко му Филип кои биле закрвени до смрт. Ене ги сите тројца, фатени за раце, седат на Фонтана.
Горан МИХАЈЛОВСКИ, „Вест“, 18.08.12.

нема
24.08 2012

Kако никогаш порано, националната гордост и колективниот дух на Македонците се спушти на најниско можно ниво, на работ од мигот (времето/просторот) кога потполното уништување веќе започнува да се случува. Ова време е време на најголемата беда на Македонците – беда на нивното достоинство, гордост и идентитет; беда на нивната држава. Спуштањето во амбисот каде што владее бесмислата, депримирачката празнина и колективниот очај, денес е секојдневие на народот (...) Времето во кое живееме е најголема агонија на Македонците, без трошка надеж и парадигми кои ќе го концентрираат и возвишат колективниот хабитус на македонскиот народ.
Тони Науновски, „Дневник“, 21.08.12.

нема
23.08 2012
1
Македонец за ручек

Појдете во Свети Николе или во Струга ако сакате во живо да се уверите дека таму кај што минува преродбата - Македонецот исчезнува како екваторски пеликан во нафтна дамка. Декадентната атмосфера што ја шири нискокорумпираната проста маса, фасцинирана од скопските кафулиња и ресторани и од шансата да го отвора денот со гел на косата и жолто на гаќите, таа, значи, маса од стотина илјади корисници на идиотскиот систем на вемеровското вработување со помош на нискиот мозочен притисок, тоа е многу важен знак за постепеното но сигурно исчезнување на Македонецот од светската зоолошка картографија: принципите на еволуцијата покажуваат дека охридската пастрмка поскоро ќе добие Македонец за ручек во Трпеица, отколку обратно.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 22.08.12.

нема
22.08 2012
Слободно време?!

Големиот патриот Груевски се обиде да ни објасни дека министрите тоа го направиле како приватни лица и во нивното слободно време. Какво слободно време, Никола, па нели работите 24 часа, седум дена во неделата?
Бранко Црвенковски, на митинг во Крушево; „Утрински весник“, 21.08.12.

нема
21.08 2012
Антонио и Лукашенко

Кога за време на војната во Босна беше објавено дека рускиот националист Владимир Жириновски ќе го посети лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ, британскиот весник „Гардијан“ таа вест ја објави на насловнaта страницa на следниот начин: „Има една добра и една лоша вест. Добрата вест е што Жириновски, конечно, решил да се јави на психијатар. А лошата вест е што психијатарот се вика Радован Караџиќ“. Се сетив на овој англиски цинизам кога прочитав деновиве дека Антонио Милошоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ од Македонија, позната по одржувањето „фер“ избори, ќе биде шеф на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на парламентарните избори кај Александар Лукашенко во Белорусија, што ќе се одржат на 23 септември оваа година.
Ѓорѓи Спасов, „Утрински весник“, 18.08.12.

нема
20.08 2012
Ќе биде - за 15 години

А по 10 до 15 години, кога ќе се затвори целиот овој процес, ќе мора да се направи рехабилитација на жртвите бидејќи со гледањето на овие досиеја дојдовме до фрапантни податоци што им се случувало на одредени семејства, на одредени личности поради работењето на соработниците и на тие служби.
Томе Аџиев, претседател со одамна истечен рок на Комисијата за лустрација, советува уште неколку децении да причекаме со рехабилитација на жртвите на комунизмот; „Мкд.мк“, 09.08.12.


нема
19.08 2012
Службите против договорот

Она што помалку се знае во Македонија е фактот што Охридскиот договор не им пречи само на домашните екстреми и милитанти, туку е трн во окото на целиот Балкански Полуостров, бидејќи по својата демократска поставеност е недостижен за сите балкански земји, а по некои компетентни согледувања и во повеќе европски земји. Компромитацијата на Охридскиот договор е цел и на повеќе разузнавачки служби. Досега на тој план со домашна поддршка имаат постиганото делумен успех.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 17.08.12.

нема
17.08 2012

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото