Остваруваме дупло!

06.04.2011 14:37
Остваруваме дупло!

Само за пет години Владата на Никола Груевски успеа речиси да го дуплира долгот. Никако не смее да се заборави септември 2006 година, кога Владата на Груевски дојде на власт. Тогаш вкупниот надворешен девизен долг на Република Македонија изнесуваше 2,4 милијарди евра. До крајот на јуни 2011 година, по повлекувањето на 220 милиони евра од ММФ, вкупниот надворешен девизен долг ќе изнесува околу 4,5 милијарди евра. Вклучувајќи го и наследениот долг од бившата СФРЈ, сите досегашни влади во самостојна Република Македонија, од 1990 година, па до септември 2006 година, ја задолжиле македонската економија за 2,4 милијарди евра.

Ден Дончев, „Утрински весник“, 06.04.11.

ОкоБоли главаВицФото