Добри дроги, лоши дроги

05.01.2012 12:02
Добри дроги, лоши дроги

Денешниот човек се откажа од многу нешта – од бог и сигурната пензија, од разговор со соседот, од концептот на утопијата – но не може без наркотиците. Причината е очигледна: зависноста ја прави поподнослива слободата.

Денешниот човек се откажа од многу нешта – од бог и сигурната пензија, од разговор со соседот, од концептот на утопијата – но не може без наркотиците. Ниедно општество во чие име се водеше војна против наркотиците не беше толку зависно од различните вбризгани, голтнати или вшмркани наркотици и антидепресиви.

Причината е очигледна: зависноста ја прави поподнослива слободата. Човек денес си го купува сонот во секоја аптека; полн е со самодоверба бидејќи џвака таблети. Тој живее добро или лошо, но тешко без рецепт, тој напредува или назадува, но често проследен од својата секојдневна доза, тој вели; да или не, ама без дневната порција лекови одбива да се изјасни.

Така живее денешниот човек.

Во Германија има 1,4 милиони зависници од лекови и 2,5 зависници од алкохол, а меѓу нив има 400 000 лица на возраст над 60 години. Секоја година од последиците поради консумирање алкохол умираат 73 000 лица, 110 000 од последиците од пушењето цигари, но никој од нив не е казнет поради својата зависност.

Меѓутоа, криминализирани се 4 милиони привремени или редовни уживатели на марихуана или хашиш. Обвинителството започна околу 2 милиони истраги откако Сојузниот уставен суд во 1994 г. бараше државата да се воздржи од казнување при поседувањето „мали количини“ и поимот „мали количини“ да се одреди универзално. Бидејќи сојузните држави не сметаа дека ова второво се однесува за нив, изостана одговорот и на првото.

Овие предлози поминаа исто како и предлозите на Зелените, Пиратите и некои стручњаци борбата против криминалот поврзан со дрогата да се декриминализира и општото здравје да се штити со понуда на разни програми за рехабилитација и низ државна контрола, а не со кривично гонење. Предлогот е разумен, но и тешко остварлив.

На 8 јуни 1998 г. повеќе од 600 научници, министри, добитници на Нобелова награда, уметници и економисти во писмото објавено во New York Times бараа од генералниот секретар на Обединетите нации „крај на војната против дрогата“.

Само со укинувањето на прохибицијата можно е разбивањето на нарко-картелите: „Органите на ОН проценуваат дека годишниот промет на дрога достигнува околу 400 милијарди долари, што е 8% од вкупниот светски финансиски промет. Оваа индустрија создава моќни криминални организации, ги корумпира властите на сите нивоа, ја загрозува меѓународната безбедност, го поттикнува насилството и ги уништува меѓународниот пазар и моралните вредности“.

Германските власти не се единствените кои го бираат спротивниот пат за пресметување со овој проблем. Фикс идејата дека општото здравје може да се заштити со кривично гонење во 1920-те во Америка со својата глава го платија 35 000 претежно сиромашни пијаници – труејќи се со незаконските и евтини пијалаци.

По поразувачките искуства со прохибицијата, почна да се зборува дека обидот да се заштитат луѓето преку казненото право од загрозувањето на сопственото здравје не е само бесмислен, туку и штетен. Криминалот поврзан со наркотиците не е скандалозен, туку криминализацијата на нивното консумирање, која во основа го предизвикува токму она што се сака да се спречи.

Репресивните мерки ги туркаат уживателите на дроги – како што уште одамна забележа угледниот франкфуртски криминолог Петер-Алексис Албрехт – „во социјална беда, психичка и физичка пропаст, стигматизација и криминал“. Опасноста по телото и животот на корисникот на дрога не ги создаваат тие самите туку, пред сè, нивната криминализација, црниот пазар и индиректниот криминал кој настанува како последица на потребата за набавување на средства за купување наркотици. Поголемиот дел од 1330-те починати лица од дрога во 2009 г. не беа жртви на својата зависност туку на лошиот квалитет на наркотикот.

„Војната против дрогата“ не е изгубена од вчера; таа е изгубена уште од оној миг кога беше објавена.

Извор: Frankfurter Rundschau

ОкоБоли главаВицФото