Легализација или борба против дрогата?

27.06.2012 09:25
Легализација или борба против дрогата?

„Ел Чапо, шефот на Синалоа картелот во Мексико, чие богатство е проценето дека изнесува 1 милијарда долари, денес официјално им се заблагодари на политичарите во САД што осигуриле дека дрогите ќе останат незаконски. Според еден од неговите доверливи лица, тој рече: ’Немаше да се збогатам толку вртоглаво без Џорџ Буш, Џорџ Буш Јуниор, Роналд Реган, па дури и претседателот Обама, и никој од нив немаше смелост да се спротивстави на големата пара што сака да ја држи дрогата вон закон. Од сето срце, сакам да речам, gracias amigos, мојата империја ви ја должам вам.’“ (David Henry, Sterry, Mexican Drug Lord Officially Thanks American Lawyers For Keeping Drugs Illegal)

Точно е дека законите се оние кои одредени активности ги прават криминални. Квазилибертаријанците како Милтон Фридман бараат легализација на наркобизнисот. Според него, ако дрогите се законски, не постои криминал поврзан со нив. Но, вистинските проблеми со дрогата не произлегуваат од илегалноста на наркобизнисот. Сепак, легализацијата на оваа стока нема широка поддршка од населението. Повеќето Американци одбиваат целосна легализација на дури и лесните дроги како што е марихуаната. Тие знаат дека конзумирањето дроги предизвикува сериозни проблеми и оттука ја сметаат за будалеста идеја легализацијата како решение.

Во десетгодишното истражување, научниците Роберт Меккаун и Петер Ројтер заклучиле дека легализацијата би довела до намалување на криминалот поврзан со дроги, но исто така би довела до значителен пораст на конзумирањето и зависноста од дроги. Ова, пак, би имплицирало зголемување на домашното насилство, злоупотреба на децата, ширење болести итн.

На пример, конзумирањето алкохол останало ниско непосредно по забраната, ограничувањата и даноците на продажбата на алкохол. Штом тие ограничувања биле укинати, стапките на конзумирање пораснале близу 70% меѓу 1940 и 1975. Во реалниот живот дејствувањата на секој поединец влијаат на другите. Детето на алкохоличар знае дека дрогата не влијае само на зависникот. Оттука нема ништо прогресивно во бранењето на правата на оние дилери кои се најодговорни за уништувањето на сиромашните и малцинствата. Јасно е дека легализацијата на наркобизнисот претставува кауза на корпорациските капиталисти. Овој криминал ќе опстојува сè додека постои капитал односот, т.е. производството заради апстрактна вредност, а само неговото укинување ќе стави крај на шверцот на дрога.

Значи, наркобизнисот како систем на угнетување и експлоатација е општествен проблем, чие решение не е ниту во неговата легализација, ниту во војната против него, туку како што рековме – укинување на капиталистичкиот начин на производство.

Извор: zahovistika2.blog.mk

ОкоБоли главаВицФото