Зграда со облик на бројот 8

29.03.2012 14:34
Зграда со облик на бројот 8

Пред две години во Данска беше изградена зграда со облик на бројот осум. Дизајнот на оваа необична градба е на архитектонското студио Bjarke Ingels Group.

Пред две години во Данска беше изградена зграда со облик на бројот осум. Дизајнот на оваа необична градба е на архитектонското студио Bjarke Ingels Group (BIG), и таа се наоѓа на периферијата на данската престолнина Копенхаген, близу т.н. Копенхашки канал.

Популарно наречената „Осумка“ нуди интересни решенија за многу ситуации со кои се соочуваат жителите на современите градови, а една од најинтересните е посебната патека за велосипеди преку која директно од улицата можете да се качите на десеттиот кат од зградата.

На покривот од Осумката има две коси тераси на кои е дозволено да се пече скара или да се одгледуваат компири. Од ова несекојдневно здание се пружа прекрасен видик кон околната природа која е разновидна: од зелени површини до поглед на каналот. Поради тоа што се наоѓа на периферијата на Копенхаген, околу неа нема густа населеност, што на станарите им овозможува да уживаат во мирот и тишината.

Поради добро осмислениот дизајн, сите станови добиваат големи количини сончева светлина и природно проветрување. Инаку, целата зграда зафаќа површина од 61.000 метри квадратни и има 475 станови. На најгорниот кат се сместени апартмани, додека веднаш до зградата има посебно паркиралиште за велосипеди. Долниот дел од просториите е предвиден за деловен простор.

Извор: amusingplanet.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото