Лего скулптури

20.06.2013 11:44
Лего скулптури

Нејтан Саваја е уметник кој живее и работи во Њујорк. Тој создава неверојатна и инспиративна уметност од нејнеочекуваните нешта. На неговата последна изложба прикажана во неколку галерии во Њујорк, Мајами и Мауи се претставени големи скулптури кои се направени од пластични коцки за играње, односно од Лего коцки.

Саваја е првиот уметник кој ги внесе Лего коцките за деца во светот на уметноста. Неговата најнова изложба насловена „Уметноста на циглите“ во чии рамки се преставени овие уникатни дела продолжува да ги крши рекордите на посетеност во САД.

Како дете, Саваја цртал стрипови, пишувал приказни, ги усовршувал магичите трикови и си играл со Лего коцките. Како студент на Универзитетот во Њујорк, Саваја повторно ја открил забавата со Лего коцките, кои овој пат за него не биле играчки, туку уметнички медиум.

Неговите вешто изработени дела се истовремено прекрасни и разиграни. Со помош на неговата способност со која ги трансформира Лего коцките во нешто ново, со неговата посветеност за достигнување на совршените размери и бои и преку начинот на кој тој ги концептуализира неговите дела, Саваја ги претвора обичните играчки во надреалистичка уметност.

Уметничките дела на Саваја се пред сè скулптури во 3D и големи потрети. Во продолжение може да погледнете некои од неговите најпознати дела од изложбата „Уметноста на циглите“, каде што Лего коцките за прв пат имаат улога на уметнички медиум.

1. Воинот самурај

2. Три торза со геометриски фигури наместо глави


3. Човек кој си го отстранува лицето

4. Пливач

5. Црвена маска

6. Черепи

7. Музички перформанс

8. Човек кој си ги расцепува градите

9. Син човек кој седи во фотелја

10. Симболот за мир




Извор: avaxnews.me & brickartist.com

ОкоБоли главаВицФото