Независен дизајнер на културната сцена

13.12.13 14:45

Хрватскиот графички дизајнер Дејан Драгосавац Рута во последните години стекна репутација на неофицијален дизајнер на „независната“ или цивилната сцена во неговата земја; од една страна, таквиот поглед е корисен и служи за извесна цел, но од друга страна, донекаде придонесува и за мистифицирање на опусот на Рута во целина, бидејќи неговиот дострел е многу поширок.

Почетокот на неговата кариера во 90-те години е врзан со активистичката културна сцена и магазинот Аркзин, а овие искуства се прелеваат во техничка и концептуална смисла и во неговата понатамошна работа. Рута обликувал голем број книги и списанија, како што се Номад, Либра Либера, Up&Underground, Година нова и Фракција, а бил дел од важни организации и проекти, меѓу кои и Мултимедијален институт, Право на град и Контејнер - биро за современа уметничка пракса.

За неговите помлади колеги кои му се сродни по светогледот и афинитетите, развојот на кариерата на Рута е доказ дека во дизајнот можат квалитетно да траат (и од тоа достоинствено да живеат) работејќи на проекти кои им се блиски, кои ги сметаат за вредносно прогресивни и важни, како за нивното потесно секојдневно опкружување, така и за поширокиот контекст во кој живеат и дејствуваат.

Претставуваме дел од дизајнерската работа на Дејан Драгосавац Рута, меѓу другото, и како потсетување за изложбата „Was ist Arkzin“ која на 13 декември (петок) во 19:00 часот ќе биде отворена во Мала Станица. (Повеќе информации за настанот - овде.)

Извор: www.oris.hr / www.dizajn.hr

Слични содржини

Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Активизам / Графички Дизајн
Графички Дизајн / Психологија / Око

ОкоБоли главаВицФото