Костадин Танчев-Динка

04.07.2016 12:12
Костадин Танчев-Динка

Претставуваме десет плакати од македонскиот уметник и графички дизајнер Костадин Танчев-Динка. Плакатите се изработени за најразлични поводи - театарски претстави, ликовни изложби и други културни и спортски манифестаци.

Костадин Танчев - Динка е роден во Валандово, Република Македонија во 1940 година. Дипломирал на Белградската Академија за применета уметност во 1967 година. Се занимавал со филмска анимација, театарски сет дизајн, графички дизајн, постери, плакати и слики, а негова потесна специјалност се визуелните комуникации. Од 1984 до 2006 година тој беше професор на Факултетот за ликовни уметности Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје, каде го предаваше предметот Графички дизјан. Добитник е на голем број национални и меѓународни награди за неговата уметност и дизајн, како и државни награди и признанија.

Поврзани статии:

10 плакати на Костадин Танчев - Динка

Костадин Танчев - Динка: вечен љубопитник и пионер на македонскиот графички дизајн

 

Извор: retromk.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото