Мода на иднината: предвидување од 1939

22.01.2014 14:06
Мода на иднината: предвидување од 1939

Напредокот на технологијата кон средината на XX век и оптимистичката еуфорија која се појавила како последица, оставила свои траги и во светот на модата.

Во ова видео од 1939 година, неколку модни креатори од САД се обиделе да предвидат како ќе се облекуваат луѓето во 2000 година. Освен промената на изгледот на парчињата облека (на пример, се предвидува исчезнување на здолништата и фустани-трансформери), евидентно е и технолошкото надградување во модата: електричен појас кој ќе се прилагодува на климатските промени, светилка како украс во косата на жената, или задолжителна опрема на мажот која се состои од телефон и радио прикачени на специјален костум.

Кога ќе ги погледнеме храбрите предвидувања од 1939 година, би можеле да се согласиме дека се точни само во поглед на тоа што повеќето луѓе денес тешко се одвојуваат од мобилните телефони. Во секој случај, интересно е да се има увид во модните визии од XX век.

Извор: sobadsogood.com

ОкоБоли главаВицФото