Стиловите на Њујорк (1919-1920)

20.03.2014 11:29
Стиловите на Њујорк (1919-1920)

Градот Њујорк и денес е познат како еден од главните центри на модата во светот. Но, таквиот статус не е случаен, ниту е од понов датум.

Кога ќе го погледнеме овој стар каталог од сеозната есен-зима од 1919-1920 година на Perry, Dame & Co, ни станува јасно колкаво внимание и важност се придавало на модата во Њујорк уште пред еден век.

Деталите во опишувањето на производите, маркетиншкиот пристап до целната група (во случајов жените), па и самиот дизајн и изглед, како на парчињата облека, така и на на самиот промотивен материјал (сосема соодветен за тоа време), сведочат за тоа дека во Њујорк, модата уште пред стотина години била на пиедестал.

Подолу може да погледнете детали од каталогот „New York Styles“ („Стиловите на Њујорк“) на Perry, Dame & Co.

Извор: retronaut.com

 

ОкоБоли главаВицФото