Наскоро прва тинејџерска ЛГБТИК серија

06.01.2015 12:44
Наскоро прва тинејџерска ЛГБТИК серија

Независната тинејерска драма „Subject to change“ во која главните ликови ќе бидат ЛГБТИК тинејџери кои учат во средно училиште во Австралија, ќе го здогледа светлото на денот, јавува Gay Star News.

На веб страницата на серијата стои: „Иако ова ќе биде тинејџерска драма, ќе се занимава со потешкотиите со кои се соочуваат младите во предградијата на Австралија. Следејќи ги ликовите кои се борат со своите комплексни емоции, серијата ќе го прикаже трнливиот пат кон љубoвта во последните години од средношколското образование.“

Даниел Мерсиека, продуцент и идеен творец на серијата, вели: „Дејството го сместивме во средно училиште кое се наоѓа во предградието на еден австралиски град, надвор од сигурноста на знамето со виножито во самото срце на големиот град. Тоа ќе биде грубо и хомофобично искуство за младите лица кои ги привлекува истиот пол.“

Независно продуцираната пилот епизода од оваа телевизиска серија во моментов е во фаза на постпродукција, а продуцентите се надеваат дека ќе успеат да ја прикажат и на повеќе фестивали.

Првата сезона е составена од 13 епизоди, секоја во времетраење од 25 минути. Во продолжение можете да го погледнете трејлерот за серијата.

Извор: Gay Star News