Елза е во потрага по девојка

11.06.2016 08:30
Елза е во потрага по девојка

Дизни го снима продолжението на „Снежното кралство“ (Frozen), најпопуларниот анимиран филм на сите времиња. Корисниците на социјалните мрежи прават голем притисок околу тоа Елза да стане првата ЛГБТ хероина.

Во светот на анимираните филмови за деца, посебно оние кои со десетлетија ги произведува слаткастиот Дизни, фактот дека поентата во цртаниот филм не беше во романтичната, туку во сестринската љубов, еднаква е на големото достигнување на суфражетките кога се изборија за правото на глас за жените. Во „Снежното кралство“ (2013), попопуларен под оригиналниот, англиски наслов „Frozen“, сè беше наопаку, барем според стандардите на традиционалниот, често и мизогин бастион на цртани филмови кои според правата и улогата на жената застана некаде во викоријанскотот доба.

Она што е Барби во светот на куклите, тоа беше Дизни во светот на цртаните филмови: колку и едните и другите да се обидуваа женските ликови да ги маскираат во модерни девојки, потсвесната порака секогаш остануваше иста – биди добра девојка, слушај што ти зборуваат, најди го принцот и омажи се!


Оставам сè!

„Frozen“ заработи повеќе од 1,2 милијарди долари и стана првиот цртан за принцеза кој влезе во листата на десет анимирани филмови со најголем приход, но и број еден на сите времиња според популарноста. За главната хероина Елза, принцезата која има моќ да ги заледи луѓето и стварите, испишани се бројни феминистички студии. Драмата на Елза не е во тоа дали таква необична и чудна ќе успее да најде маж, туку таа се бори со тоа дали треба да ја прифати својата внатрешна моќ и да биде силна. Малите и големи девојчиња во дел од светот многу добро ја разбраа нејзината песна „Оставам се!“ (Let it go).

Централниот предизвик на приказната е во тоа како од својата моќ да го заштити и кралството и сестрата: на својата сестра случајно ѝ наштетила во детството, а кралството сосема го заледила. Затоа Елза ја одбира изолацијата, а подоцна и самотијата – не сака да им наштети на оние кои ги сака. Нетипично, но ќе ја спаси нејзината сестра Ана, чија љубов успева да го стопи и заледеното срце. На повидок нема ниту принц, ниту коњ, туку две принцези, сестри, секоја заблудена на свој начин, со своите грешки и несовршености. Еден од подобрите споредни заплети во цртаниот е оној кој се однесува на Ана и го руши нејзиното наивно поимање на романтичната љубов.

Пораките, истовремено се и едноставни и сложени, зависно од тоа колку години имате и дали животот веќе ве тестирал со болни предизвици. Но, дури и доколку прашате едно шестгодишно девојче за што станува збор во цртаниот филм, одговорот испукува како од топ: „Цртаниот филм е приказна за тоа како Елза да биде среќна и слободна, и никој да не ѝ досадува!
А кој не сака да биде среќен и слободен?

Твитерките

Сега веќе е време за чекор напред, па на социјалните мрежи почна да се одвива голема кампања околу тоа Елза во продолжението да добие девојка. Иницијативата минатиот викенд ја покренала твитерката Алексис Изабел, а идејата е толку добро прифатена што некои корисници на социјални мрежи на Елза веќе и нацртаа партнерка. На Дизни мора да му се признае фактот дека веќе по малку почнува да излегува од плакарот.

Актерот Џонатан Гроф, кој го позајмува гласот за главниот машки јунак во „Frozen“, Кристоф, отворено е геј. Доколку повнимателно го изгледате цртаниот филм, во него ќе откриете и геј семејство: продавачот Окен во еден момент го поздравува своето семејство, мажот со кој има четири деца. Уште од почетокот ЛГБТ заедницата моќта на Елза ја толкува како метафора за нејзиното лезбејство, па и песната „Оставам се“ стана геј химна.

Едно од петте деца е квир, порачуваат активистите, но само едно од нив се осудува тоа да го признае. Дајте ѝ девојка на Елза, бидејќи на квир децата тоа ќе им помогне да израснат во среќни луѓе!

Извор: Глобус

Слични содржини

Квир / Книжевност / Уметност
Квир / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото