За заљубените истата грижа

18.02.2015 19:35

За заљубените истата грижа - како и за мртвите,
Штици се потребни исто така едвај шест,
И исто количество придушена светлина.

За заљубените истите заслуги - како и за мртвите,
Собата со љубов обложете ја и со бојазливост,
На децата пристап забранете им.

За заљубените - мрачни во радоста - истите облеки.
Ни вратата уште не се заклопи,
Ни земјата уште не се засипа,
А од телата претешкиот брокат им падна.

Препев: П. В.

Станислав Гроховиак (Stanisław Grochowiak, 1934, Leszno – 1976), полски поет и драмски писател. Го вредуваат меѓу таканаречените „турписти“ поради неговиот интерес за грдото, бруталното, строго физичкото. Неговата поезија нема украси и „барокизирања“, туку е немилосрдно директна.

оригиналната песна

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото