Нов 3D печатач за изработка на играчки

03.03.2016 14:01
 Нов 3D печатач за изработка на играчки

Бидејќи 3D пeчатачите од ден на ден стануваат сè популарни, не е чудно што „Мател“, како еден од најголемите производители на играчки во светот, на неодамнешниот саем на играчки во Њујорк најави дека наскоро ќе го лансира својот нов печатач, со помош на кој децата ќе можат да ги дизајнираат, а потоа и да ги печатат своите играчки.

Покрај тоа што станува збор за одличен маркетингшки потег, создавањето на 3D печатачот наменет за печатење играчки во домашната атмосфера е навистина интересен проект и од технолошки аспект, бидејќи тоа е производ кој се карактеризира со релативно едноставен кориснички интерфејс. Овде треба да се спомене дека повеќето од денешните 3D-печатачи имаат доста комплексен софтвер, па дури и на напредните корисници им се потребни неколку дена да го совладаат.


Новиот ThingMaker на Мател ќе чини 299,99 долари, и на децата и нивните родители ќе им обезбедат досега невидена можност за печатење делови од играчки, кои потоа ќе можат да се составуваат. И додека новите корисници ќе можат да печатат играчки според веќе достапни шаблони, оние кои се малку подобро обучени ќе бидат во можност да дизајнираат сопствена играчка.

„На играчките ќе можат да им се додаваат различни бои и текстури, а ќе можат да се тестираат со свиткување и движење во рамките на апликацијата, за да разберат како може да се изработи откако ќе се испечати“ – открива Сара Перез од порталот TechCrunch.


Откако корисникот ќе ја дизајнира својата играчка, апликацијата му овозможува да го експортира дизајнот на наведената во STL датотека, а потоа да ја испечати на сопствениот или на некој друг 3D печатач. Покрај тоа, со користење на ThingMaker ќе биде можно да се дизајнира цела низа играчки, и тоа не само хуманоидни кукли, туку и диносауруси, накит, дрвја, згради, итн.

За жал, печатачот нема да биде во можност да печати комплексни играчки одеднаш, туку во делови, кои потоа ќе можат да се состават. Во зависност од сложеноста на играчката, нејзиното печатење би можело да трае од неколку минути до неколку часа.

Да споменеме за крај дека ова не е прв производ на Мател наречен ThingMaker. Всушност, во текот на 60-тите години на 20 век , Мател пушти во продажба колекција калапи за правење пластични играчки со леење на загреана пластика во нив.

И додека првиот ThingMaker се очекува да се најде на полиците на продавниците наесен, уште сега може да се преземе апликацијата за дизајнирање и печатење играчки со помош на други 3D печатачи.


Извор:www.geek.hr

ОкоБоли главаВицФото