Саше Ивановски vs. Гордана Јанкулоска: Требаше ли и вас да ве апсиме со пиштол во уста?!

07.04.2016 02:43
Саше Ивановски vs. Гордана Јанкулоска: Требаше ли и вас да ве апсиме со пиштол во уста?!

Саше Ивановски-Политико со нова герилска акција против режимлиите!

Овој пат, тој ја следеше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која беше на распит во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Тврдина“.

„Требаше ли и вас да ве апсиме со пиштол во уста?!“, револтирано праша Ивановски.

„Ова излезе сосема случајно, бев во суд за сосема друга работа и случајно налетав на гужвата од новинари, и потоа се запрепастив кога видов дека новинарите ја оставија Гоца мирно да си се фрцка накај паркинг без никој да ја следи со прашања кои одамна требаше да ги добие...“, вели Саше Ивановски, зачуден од пасивноста на останатите новинари.

Извор: Мактел