Бубачка лази по каменот

27.03.2017 12:27

Бубачка лази по каменот, си игра, враголее,
застанува, разгледува наоколу и пак се упатува
де кон изгорените тревки де кон синото островце
лишај нафатен низ времето.

Ќе застанеше тука, ќе запрпелкаше со крилцата
начичкани со ситни црвени дамки
и позлатени со прав од некое згаснато сонце,
ќе застанеше и ќе си поиграше.

На грбот на бубачката убаво се распознаваа
и еден бел крст и едно малечко сонце на нејзиното чело.

Изморена од играта се засолни полека во некоја
пукнатинка на каменот,
се скри како во голема, темна пештера.

Неизбежен крај, си велам. Си поигра, милата,
и сега си починува. Си има свое малечко сонце
што ѝ ја осветлува душата во мракот.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото