Најдете начин да се спречи еколошката катастрофа!

15.12.2017 11:40
Најдете начин да се спречи еколошката катастрофа!

До сите функционери!

Престанете со ароганција и обвинувања. Го знаеме виновникот за ова загадување но прифативте да бидете носители на функции кои носат одговорности, па така почнете и да се однесувате. ВИЕ сега треба да го решите проблемот.

Загадувањето не е од вчера. Но, страшното е дека низ годиниве e полошо и полошо. Градежната мафија царуваше 11 години, сите зелени површини се претворија во станбени згради, Се исекоа еден куп дрвја само за да дојде до израз личниот проектот „Скопје 2014“ на диктаторот. Профитот беше пред здравјето. Очекувам дека има доволно докази против сите тие кои директно и индиректно низ годините придонеле да стигнеме до ова дереџе и ќе одговараат за овој геноцид.

Колку е страшно ова што го дишеме ќе ви посочам преку конкретен пример. Во 2009 година правевме анализи во САД и резултатите кои ги добивме беа страшни. На Ерато ѝ пронајдоа 22 пати повеќе олово од дозволеното. Најстрашно беше дека според нив, дел од тоа олово е внесено преку дишење. После тоа следеа 4 години многу, ама многу тежок период и за Ерато и за нас, Правевме детоксификација со која успеавме да го доведеме оловото до прифатливи вредности за некој кој живее во урбана средина. Се надевам никогаш нема да имате прилика такви резултати да прочитате за вашите деца, но како и со кое темпо тераме, веројатноста за тоа е многу мала.

Затоа размислете малку, џабе ви се сите пари, функции, кога дишете отров, и вие и вашите деца.

Доста е! Не ме интересира како, но најдете начин да се спречи оваа катастрофа.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Владимир Лукаш

ОкоБоли главаВицФото