Вино, дрога и мизерен секс

26.08.2010 13:05
Вино, дрога и мизерен секс

Група научници од универзитетот Конкордија во Монтреал, Канада, го анализираа влијанието на дрогите и алкохолот врз сексуалните односи. Резултатите на истражувањето навистина предупредуваат.

Истражувањето дефинитивно покажа дека, и покрај нашшите досегашни однапред создадени мислења, користењето на многуте „рекреативни“ дроги може да предизвика губење на интересот за љубовна врска и сексуални односи.

„Ги анализиравме податоците од стотина различни стражувања, вклучувајќи ги и резултатите на нашите сопствени тестови, за систематски да го истражиме влијанието на дрогите врз сексуалните односи. Исто така, го истраживме и афродизијачкото влијание на некои од тие супстанции“, изјави за списанието Science професорот по психологија од Конкордија, д-р Џејмс Фаус.

Во опсежното истражување се докажува дека „дрогите, алкохолот и сексот не се добра комбинација, ниту претставуваат глобална љубовна напивка“.

Професорот Фаус и неговите соработници од Центарот за истражување на невробиологијата на однесувањето со години го испитувале влијанието на афродизијаците врз сексуалните односи. Тие ги систематизирале ефектите од два вида дрога: стимулансите, како што се кофеинот и кокаинот, и депресивите, како што се морфиумот и алкохолот. Иако повеќето од овие дроги ја намалуваат сексуалната желба и „можности“, добиени се и неколку интересни резултати.

„Сексот и дрогата понекогаш можат да си помогнат еден на друг под одредени услови, но сосем јасно е воспоставено дека во најголем број случаи дрогите го ослабнуваат сексуалниот нагон и речиси целосно ги оневозможуваат успешните сексуални односи“, заклучува професорот Фаус.