Допир

12.03.2018 15:01

Човек во оклоп,
голема перјаница
му никнува од главата,
кадифени спојки има на колковите,
глуждовите му се од подмачкан челик
и се раздвижуваат со звук
од тафт,
ми доаѓа во собата доцна на полноќ.

Лицето му е затскриено со проѕирка.
Градите
украсени со круни.
Тенка, златна тетовирана нишка
цути врз неговите раце.

Низ пукнатините на проѕирката
гледам нешто што би можело да биде око,
или отсјај
на неговата загуба.
Капачето врз курот му светка како нож.

Се замислувам гола,
кожата ми е бела
налик на месо од крушка.
Мислам дека ќе ме расече.

Туку кога се раздвижуваме
нашите тела едно до друго,
Леле какво чкрипење...

Така со години.
Нашите челични раце се вклештуваат.
Нашите челични нозе ни се заглавуваат отпростум
налик на товарните вагони коишто се спаруваат.

Препев: Гане Тодоровски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото