Слобода

18.03.2018 13:19

Слободата е навика,
слично како и палтото.
Едни се родени за палта,
други не видуваат палто.
Слободата е евтина
или, како облеката,
толку скапа
што се плаќа со живот
и пак не се добива.
Слободата често заблудува:
кој ја има често
не разбира кога
му се лизнала од раце.
Што значи тоа?
Има ли тука загатка?
Да, тоа е првата
во букварот на гатанките.
Тоа и тоа значи да си слободен.
Тоа го можеш, ова не!
Кој си врви слободно
нека си врви, само
да не си ја изврви слободата;
Кој бега, нека бега,
само да не си ја надбега слободата.
Оние што јадат, често си ја изедуваат
слободата, но нека си ја јадат,
а пијачите кои се препиваат
чудната слобода нека си ја пијат.

Превод: Ристо Лазаров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото