Гувернери, скандали и монетарна политика!

25.05.2018 08:08
Гувернери, скандали и монетрана политика!

За првпат од независноста на чело на НРБМ е избрана жена. „Порталб“ во својата редовна економска анализа прави кратко резиме на работата на четирите досегашни гувернери на Народната банка на Република Македонија.

На 26 април 1992 година, со усвојување на Законот за Народна банка, Македонија го добива првиот гувернер по осамостојувањето, Борко Станоевски. Оттогаш, на чело на оваа, со закон дефинирана независна институција, застануваат уште тројца гувернери. Дел од нив ја завршија кариерата со оставки поради финансиски скандали во банкарскиот сектор, но речиси сите на некој начин беа изложени на критики во јавноста поради одредени одлуки поврзани со монетраната политика, но и со извршната власт. Заедничко за сите е што, придржувајќи се на законот, обезбедувајќи ценовна стабилност, не дозволија промена на курсот на денарот. „Порталб“ ја сублимира работата на досегашните гувернери и потезите што оставија белег на нивното работење

 ГУВЕРНЕР БОРКО СТАНОЕВСКИ

Станоевски е првиот гувернер во самостојна Македонија – на чело на Народната банка застанува во април, 1992 година. По пет години поднесува оставка поради големиот финансиски скандал “ТАТ“. По налог на НБРМ, во 1997 инспектори велгоа во штедилницита и при проверка на документи ја открија големата прирамидална измама која заврши со околу 13 000 оштетени граѓани и пропаднати 60 на милиони тогашни германски марки. Во затвор заврши сопственичката на штедилницата, Соња Николовска, но оваа афера, која остави длабоки траги врз вкупната економија, се поврзуваше и со фунционери на тогашната власт. По дваесет и пет години од застанувањето на чело на НБРМ, при одбележување на јубилеј на НБМ, Станоевски, присетувајќи се на турбулентниот период, изјави:

 “Може ли да се заборави во какви услови и со колкави тешкотии ги набавивме хартијата за вредносните бонови и специјалните бои? Може ли да се заборави напнатоста во ателјето на печатницата во Прилеп, кога конечно мораше да се одлучиме за дизајнот на вредносните бонови? Можат ли да се заборават денот и часот кога почна печатењето на вредносните бонови?“

 ГУВЕРНЕР ЉУБЕ ТРПЕСКИ

По оставката на Станоевски, на чело на Народната Банка застанува Љубе Трпески, и на оваа функција е до 2004 година. Го презема раководењето како академски човек кој бил на повеќе стручни и политички функции, меѓу нив министер и заменик гувернер. Сепак, и мандатот на овој гувернер не поминува без критики но и потреси во банкарскиот сектор. Белег остава пропаѓањето на Експорт-Импорт банка, во сопственост на тогашниот контроверзен бизнисмен Методија Смиленски. Во 2004 година полицијата поднесе кривична пријава против Трпески, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба, со образложение дека издавал гаранции за кредити што банката ги подигнувала од странство а потоа тие пари завршувале во фирмите на Смиленски. Во 2006 година, Трпески беше упасен и еден месец помина во домашен притвор. Во 2008 година беше осуден на 4,5 години затвор и беше спроведен во Идризово, но беше ослободен откако Врховниот суд ја укина пресудата.

Години потоа, универзитетскиот професор Трпески смета дека се потребни промени во монетраната политика, односно дека политиката на фиксен курс на денарот ја “гуши“ економијата и воопшто стопанството.

 ГУВЕРНЕР ПЕТАР ГОШЕВ

Од 2004 до 2011 година на чело на Народната банка застанува Петар Гошев, некогашен лидер на ЛДП, екс пратеник, политичар, министер за финансии. Ниту мандатот на овој гувернер не поминува без турбуленции кои ќе донесат последици во банкарскиот сектор.

Во октомври 2007 година, по налог на гувернерот Гошев беше одземена дозволата за работа на Македонска банка, со образложение, меѓу другото, дека промената во акционерската структура е ризична. По ова започна и постапката за ликвидација на една од тогаш поголемите банки во земјава, во која беа вработени повеќе од 200 луѓе а штедните влогови изнесуваа скоро 25 милиони евра. До последен момент во бизнис-банкарските кругови се коментираше дали може да се најде спас за банката која важеше за значаен столб во вкупниот банкарски сектор. Подоцна беше поднесена преставка до Антикорупциската комисија за конфликт на интреси за случај во кој гувернерот Гошев, според претставката, влијале за отпис на кредит даден од Македонската банка на фирмата “3-М“ и купување на земјиште во Гевгелија. Антикорупционерите ја отфрлија иницијативата за покренување на постапка како неоснована.

Јавноста беше сведок на тешки зборови кои ги разменија екс гувернерот Гошев и екс премиерот Георгиевски, кои меѓусебно се обвинија преку медиумите. Гошев го прозва Георгивески за лажен патриотизам, а Георгиевски пак, напиша дека Гошев бил слуга на Владата предводена од Никола Грувески.

 ГУВЕРНЕР ДИМИТАР БОГОВ

Наследник на Гошев беше Димитар Богов, кој на чело на НБРМ застана во мај, 2011 година. На оваа позиција дојде од вицегувернерското место, како најмлад гувернер со 42 години.

Мандатот на Богов не беше „потресен“ од значајни промени во банкарскиот сектор, но овој гувернер го туркаше мандатот во период на последици од глобалната финансиска криза но и во условни на длабока политичка нестабилонст на домашен терен. Во согласност со законската регулатива, го одржа фиксниот курс на денарот, што беше една и од најчестите изјави на гувернерот Богов.

Во пикот на политичката криза на домашната сцена, гувернерот Богов и тогашната опозициска СДСМ, особено со претседателот на партиската Комисија за финансии, Кире Наумов влегоа во меѓусебна “вербална “ војна.

„Гувернерот Димитар Богов не може да гарантира никаква финансиска стабилност додека се грижи за интересите на фамилијата, а не на граѓаните на Македонија. Дали Груевски го има Богов „во рака“ и дали во врска со аукцијата за избор на изведувач за изградбата на новата барокна зграда на НБРМ? – напишаа од СДСМ во една од нивните реакции.

На ова реагираше гувернерот Богов:

„Народната банка е главниот столб на макроекономската стабилност на македонската економија и затоа е цел на сите што сметаат дека би имале корист од нејзиното нарушување. Господин Наумов, во неговите колумни неколку пати најавуваше дека ќе се случи девалвација на денарот. Денарот остана стабилен, а кредибилитетот на г. Наумов е девалвиран“ , стои во соопштението од НБРМ.

Мандатот на гувернерот е седум години, со право на реизбор на уште еден мандат. За прв пат во историјата Македонија на чело на НБМ е избрана жена.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowm

 Извор: Вистиномер