„Моќта на плакатот“ - мото за 11. издание на Скопје постер фестивалот

25.11.2018 14:29
„Моќта на плакатот“ - мото за 11. издание на Скопје постер фестивалот

Скопје постер фестивал го празнува отворањето на новата декада во својата историја.

Фестивалот, настан за промоција на плакатот и дизајнот воопшто, манифестација која застапува одбрана на квалитетниот плакат и единствен од овој карактер во регионот, го отвора своето 11. издание.

Отворањето на овојпат ревидираниот програмски фестивал, чие мото годинава е „Моќта на плакатот", ќе се одржи на 26 ноември, понеделник, во Мултимедијалниот центар Мала Станица, со почеток во 19 часот.

Фестивалските изложби ќе вклучуваат претставување на над 200 плакати, поставки на тема „Моќта на плакатот", дела од Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните 10 фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето во земјава насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Славимир Стојановиќ Футро, како специјален гостин, освен со свои дела, пред македонската публика ќе го претстави својот оригинален роман со илустрирани раскази насловен „Девет". Промоцијата и дружењето со Славимир е на 27 ноември, вторник во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк".

11. Скопје постер фестивал ќе биде отворен за посетители до 6 декември.

 

 

ОкоБоли главаВицФото