Зошто сме опседнати со телото? Затоа што доброто здравје го потврдува општествениот статус

27.11.2018 13:05
Зошто сме опседнати со телото? Затоа што доброто здравје го потврдува  општествениот статус

„Рамнотежата на телото и духот“ гласи ветувањето „за најсекси спротскиот клуб во Париз“, како што го опишува модното списание „Vanity Fair“. Сместен во вила која е историски споменик во IX париски арондисман, клубот „Blanche“ е најновиот член на семејството „Benzaken“, пионерот на луксузниот фитнес. Зад блескавата art nouveau фасада се наоѓа ултрасовремен дизајн кој комбинира челик, бетон и гранит во отмен контраст со мермерните столбови, конвексни огледала, фреска и други изворни украси.

Како и во клубот „Klay“, исто така од семејството „Benzaken“, кое е отворено 2009 година во парискиот кварт Монтогреј , ограничениот број од 2500 членови обезбедува удобност во просториите кадешто никогаш нема премногу луѓе. Цените се уште поекикасен филтер: 1810 евра годишно. Тоа е помалку од 4400 евра колку што е потребно за годиѓна членарина во клубот „ Ken“ во XVI париски арондисман што го основало истото семејство. Но повеќ од 800 евра колку што е потребно за просечно рангираната сала „Club Med Gym“ (CMG) или од 120 евра колку што изнесува „ефтината тарифа“ во „Neoness“. Зад ѕидовите на клубовите „Blanche“ и „Klay“ се гради нов однос кон телото, запишан во легитимацијата на општествените хиерархии.

Ако ги прашате посетителите на скапите клубови, тие со задоволство ги објаснуваат „добрите манири“ на членовите: „префинети“ луѓе кои „ не се додоворуваат премногу“. Тука е и „убавината на местото“, грижливо и со „добар вкус“ уредениот декор: металнит греди, огромните стаклени ѕидови. „Светот на индустријата нè поттикна да размислуваме за комбинација на филмовите „Fame“ и„Rocky“, оттаму и името на клубот, според името на Мохамед Али – Касиус Клеј“, објаснува Артур Безанкен. „Затоа развивме спортска програма која е спој меѓу боксот, себенадминувањето, врвни резултати и зноење“.

„Огромен потенцијал за Инстаграм“

Значи, клубот „Blanche“ е инспириран од „програмирањето на рамнотежата, хормоните и благосостојбата, нема ништо заедничко со рафинираниот дух на буржуаската вила на музичкиот издавач Пол Шоден. Местото е атрактивно: мал базен без раб е вграден во подот, замислен како „скривалиште за медитација“, вели Бензакен.
Базенот е опремен со хидромасажен млаз и со појасот на црн гранит е осветелен само со театарски рефлектор. „Кога сте во вода, во бестежинска состојба, отпуштањето на сресот е многу поедноставно, можете да работите на дишењето со паузи“, истакнува сопственикот и експерт. Се работи за најфотогеничното опуштање: „Потенцијалот на местото за Инстаграм е огромен“, проценува „Vanity Fair“. Бензакен не крие: „Не сакаме да ги следиме трендовите, сакаме да ги поставуваме“.

Така, некогашните теретани им го отстапија местото на „животните простори“ опремени со спа центри, фризерски салони, барови и ресторани. Станува збор за места кои се наменети не само за трошење калории, туку и за одржување на деловни состаноци, рестораните се отворени и за оние кои не се членови на клубот. Клубот „Klay“ организира предавања и уметнички инсталации, додека „Blanche“ на последниот кат има мала приватна кино сала. Спортскиот клуб може да се претвори во место за забава за посебни пригоди, како што беше случај на јубилејот на Рибок патиките „Pump“ во 2009 година, или неодамнешната деветгодишнината от отворањето на клубот што се славеше накрајот на јуни за да се совпадне со модната недела. Таа вечер, среќниот добитник извлече годишна пртплата во клубот, како шампањско „Миравал“, розе кое потекнува од имотот на Анџелина Џоли и Бред Пит. Синергијата меѓу спортот и забавата набрзо наиде на граница: победникот со задоволство ја пифати годишната претплата, но бидејќи не пие алкохол го одбил шамањското. Без сомнение, посоодветно е да се понуди протеинско смути, омилениот пијалак на членовите на клубот „Klay“. Вечерата во клубот се покажала како профитабилен концепт: некои членови од САД таму слават родендени. Нивните пријатели се замолени да им се придружат во вежбањето.

Истакнувајќи дека одолеале на „спаизацијата“ (претворање во спа центар) о останале „вистински спортски центар“, главните конкуренти на клубот „Klay“ во поглед на елегантните сали кои го комбинираат шармот на старото и дизајнот на чисти линии, постигнуваат сличен успех. Основачите на клубот „l'Usine“, Патрик Ризо и Патрик Жоли го отвориле во 2004 година во квартот каде што е операта, а потоа уште еден во близина на Бобур. „Доаѓаат многу познати личности“, се фали Ризо додека се поздравува во ходникот со Доминик Кенијар, директорот на јавната инвестициска банка. „L'Usine“ привлекува банкари и бизнисмени. „А додека престојуваа во Пaриз, ни доаѓаа и Ким Кардашијан и Кање Вест“, не заборава да додаде.

Во 2017 година, 8,5 отсто од француското население се зачленило во спортски клуб, во Германија 13 отсто, во Обединетото кралство 14,7 отсто, а во САД 17, 5 отсто. И покрај доцнењето, овој пазар во Франција цвета во големите градови: „кога во 2004 година го отворивме „L'Usine Opéra“, во Париз имаше дваесетина клубови. Денес ги има повеќе од 300“, вели Ризо. Во 2017 година, во Франција имало 5,7 милиони посетители на спортските сали што е за 4,7 отсто повеќе отколку во 2016 година. Растот, главно потекнува од low cost тренинзите, но и од поголемиот број луксузни центри во Париз: клубот „l'Usine“ се подготвува за отворање на трет простор во реновираната зграда на станицата Сен Лазар, а браќата Безанкен отвораат четврт простор на булеварот Распај. Во квартот Канал Сен Мартен, во некогашната фабрика за балони, се подготвува отворање на Социјален спортски центар во кој ќе има „музика, пијалаци и квадрицепси, како и киноа, веселба и мускулни тетиви“.

Додека Бернар Тапи тренираше аеробик

Раскинувајќи со модата на „хипи“ имиџот, сè повеќе се појавуваат центри за јога, Тие нудат преку 50 методи, од традиционалната хата јога или аштанга јога, па до пооргиналните бикрам јога, која се вежба во сали загреани на 40 степени, страла јога која ја осмислила њујоршка маекенка, или warrior јога што ја изислила поранешна танчерка во „Crazy Horse“.

Поплавата на возење велосипед во затворен простор (indoor cycling) успеа во рок од три години да го оживее стариот добар собен велосипед во амбиент на звук и светло на ноќен клуб. Сесијата во студиото „Dynamo“ се одржува на мала површина нурната во темнина, осветлена само со проектор. 40-тина велосипеди се насочени кон платформата на која се наоѓа тренерот – ди џеј опремен со мекбук, слушалки и микрофон: тој раководи со педалирањето, склековите, дигањето тегови, но и пренесува духовни инструкции. При музичката рап и електро позадина, Џон нè повикува „да го сакаме седумгодишното дете во себе“ и ни кажува дека „физичкото вежбање ментално зајакнува“.

Иако идејата за телото како материја што се усовршува датира од Спарта и се развива во времето на просветителството, првите спортисти се појавуваат во контекст на научната рационализација на човековите активности во XIX век. „Во голема мера, спортот настанува под влијание на воените цели (за мажите реванш против Прусија, на крајот на XIX век во Франција) и хигиеничарите (за жените – подготовка за породување)“, објаснува Филип Лиотар, социолог на спортот. „Популарноста на приватните клубови во Франција е од поново време, додека спортот во сите негови облици веќе долго време го поддржуваат различни мрежи и здруженија“. Доброволниот спортски сојуз (Fédération de gymnastique volontaire), претходник на фитнесот, од 1950-тите години до денес дава поволни курсеви инспирирани од шведскиот метод во илијадници локални секции – наследство од политиката на демократизација на спортот во времето на Народниот фронт. Во 1936 година, именуван за државен потсекретар за организација на слободното време и спортот, социјалистот Лео Лагранж наредил да се изградат состици базени и јавни стадиони за да „ ѝ овозможи на француската младина да ужива во спортските радости и здравје“. „Тоа била нелојална конкуренција која водела бордел без име“, Ризо ја оцрнува оваа „култура на бесплатното“ во Франција, каде што според него „некои имаат несреќна навика да го гледаат спортот како право“.

На почетокот на 1980-тите години, Ризо и Жоли го основаат првиот „Gymnase Club“ со машини за формирање мускули и кардио тренинг (пред сè за мажи) и за аеробик (пред сè за жени). „Времето на аеробик ја започна фазата на комерцијализација на фитнесот. Не само што се тренираше во приватни клубови, туку требаше да се има и добра опрема, добри патики...“објаснува социологот Кристина Бона. Праксата на аеробик, кој го разви американски воен лекар и која во САД, во седумдесеттите години стана популарна заради актерката Џејн Фонда – беше заслужна за ослободувањето на жените од мизогината култура на слабост, покажувајќи дека жените истовремено можат да бидат сексапилни и мускулести.

Потоа, во осумдесеттите години, феноменот го премина Атлантикот особено благодарение на Вероник Давон во култната емисија „Gym Tonic“, која секоа недела наутро придвижуваше милиони гледачки. Деценијата што почна со изборот на Митеран и собирањето на француските социјалисти околу логиката на пазарот, „исто така е и деценија на спектакуларно приближување на спортот и парите“, анализира Франсоа Кусе, историчар на идеите.

Станува збор за приближување кое на 17 јуни 1984 година ќе се кристализира во емисијата Gym Tonic“ низ пробивот на француското златно момче: „Бернар Тапи, познат бизнисмен, на чело на неколку компании е во неверојатна форма. Како ви успева?“, го прашала водителката. „Пред сè, јас сум спортист“, одговорил гостинот, бриѓејќи го челото. „Можеби тоа ми овозможи таква состојба на умот која малку се разликува од оние на моите колеги. Затоа што преку спортот учиме дека состојбата на душата, умот и интелигенцијата не може да ја одвоиме од телото. Всушност, менталната состојба е одраз на здравјето на телото. Доколку сакаме добро ментално да функционираме, од суштинско значење е да бидеме во добра физичка форма“.

„Здравјето е новото богатство“

Аеробикот со флуоресцентни хеланки и истегната насмевка, денес се смета за помалку застарен и срамотен. Сликата на обожавателките на Џејн Фонда или фановите на Арнолд Шварценегер полека бледнее. „На почетокот, карикатурално се претеруваше со ентузијазмот“, разнежнето воздивнува Ризо. Но работите се променија. Станаа порафинирани? Токму како и „l'Usine“ и „Klay“ си честита што привлекува бројни глумци, креативци и уметници, како Том Лулу, визуелен уметник и фотограф кој изложуваше во Палатата Токио. Во клубот има неколку негови дела. Но клубовите главно живеат од претплатите на директорите на банки, кои слично како Тапи, се во потрага по тело што е способно да го следи „умот“.

„Фитнес просторите долго се сметале за мали буржуаски места за мајки на кои им е здодевно или место за подготовка за „вистински спорт“, односно за натпреварувачки спорт на отворено. Беа потребни неколку децении за да се препознае фитнесот како спорт за себе“, вели Жоли.

Од времето на првите клубови за фитнес, грижата за себе стана софистицирана и доби езотерично – спритиуална аура на ориенталните практики (јога или џију – џицу), но истовремено усвоила и помалку зен регистер, као правилата на милитантната машкост со курсевите на воениот тренинг (boot camp), фитенс метод што го користи американската војска. Како што налага конкуренцијата, понудата на секоја сала постојано се менува заради технолошките (илингвистички) иновации. Дури и марката каква што е „Neoness“ нуди над 40 активности. Додека ефтините сали купуваат дозволи за зумба, body pump или Sh'bam заради овозможување на услугите на стандардизираните курсеви, луксузните клубови се препорачуваат со „единствени“ понуди на посебно увезени ексклузивни патентирани техники. Антигравитацискиот фитнес во клубот „Klay“, кој доаѓа од Њујорк, овозможува тренирање на лебдечка јога без превртување со помош на специјални појаси. Некои развиваат сопствени креации: Во стреч клубот „l'Usine“ „се овозможува пораст на интрамускулната температура и различни системи на конторла на телото (проприоцепција)“, додека дишењето и истегнувањето во клубот „Klay“ комбинира шиацу и софрологија. Потенцијалот за вкрстување е бесконечен, а некои хибриди изгледаат неверојатно, дури антиномично како јога-боксот. Зајакнувајќи ја индивидуализацијата на тренирањето, ичните тренери го освојуваат теренот. „L'Usine“ располага со екипа од 40 –тина тренери за приватни курсеви кои просечно чинат 60 евра за час.

Покрај иновативноста на дисциплините која доживеа бројни моди, најважната промена, според Жоли, се однесува на посакуваната цел: „во осумдесеттите години придвижувачкиот мотор бил првенствено естетски: големи бицепси за мажите, рамен стомак за жените. Денес тренираме заради здравје, со холистички пристап“. Ризо ни ја открива „машината од 29 000 евра“ која го анализира составот (процент на маснотии, вода и мускули) на секое тело на новите членови на клубот, најавувајќи медицинска грижа за телото. Безанкен, исто така, се сеќава на промената на клиентите во „Ken“ на почетокот на 2000 –тите години: времето кога педестгодишните бизнисмени како Пол Лу Суликер доаѓаа да пушат и јадат покрај базенот, со една нога во водата за мирна совест, сега е поминато. Новите клиенти изгледаат десетина години помлади од просечната старост и навистина сакаат да се грижат за своето тело и здравје“.

И естетските стандарди еволуираа и имаат поинакви барања за изгледот на телото: „Во деведесеттите години требаше да се биде слаб по секоја цена, како британската манекенка Кејт Мос, која изгледаше анорексично. Денес мора да изгледате витко, но здраво, спортски и мускулесто“, вели Валентин Петри, новинарка во списание за убавина. Бразилска манекенка која сака здраво селфи (буквално) објавува „автопортрет на здравјето“ на Инстаграм, поставувајќи фотографии на своите подвизи во боксерски клуб или самба студио, така што папараците не мора да ја изненадуваат додека џогира.

Да се биде здрав и да се спортува стана тренд. „Здравјето е новото богатство“(Health is the new wealth) е мотото на нашето време. „Модните вљубеници носат големи, речиси ортопедски патики“, констатира женското списание „Elle“. „L'athleisure“ (сложенка од athlétique – спортски и leisure – слободно време) го дочека својот момент на слава. Хеланки, спортски дресови, тренерки за џогинг ги преплавија модните ревии и улиците. Спортските гаџети сега се носат секаде и на работа и во вечерните часови. Канадската марка на спортска опрема „Lululemon“ беше меѓу првите што на почетокот на 2000-тите години лансираше хеланки за вежбање јога од 100 долари. Потоа познатите дизајнери почнаа да лансираат спортски колекции за спортските марки. Стела Мекартни, на пример, последните 15 години креира за Адидас.

Треба да се негува стомакот и душата

Со падот на цените на калориите, прекумерната тежина веќе не е знак на богатство, туку на сиромаштија, расте желбата да се биде силен и мускулест во време кога работата, заради последиците од автоматизацијата и терцијализацијата на економијата, е помалку физичка од кога било. Што се однесува до тренингот „инспириран од британските специјални единици“, тој ги привлекува кадрите кои немаат многу прилики да бидат на врвот во време кога и војната е автоматизирана.
Но физичкото вежбање е само една димензија на налогот да се зачува „капиталот од здравје“. Исто така, за да се грижите за стомакот треба да јадете органска и безглутеинска храна; за да се грижите за душата, треба да се медитира, на приме во „бар за медитација“. Начинот на кој консултантката за life style, Алисон Бекнер ја опишува својата спортска пракса, го одразува ова прецизно, речиси медицинско управување со состојбата на благосостојба: „Физички – фудбал и тенис. Емоционално – јавање. Спиритуално – јога и медитација.

Како дел на општата деполитизација започната уште во седумдесеттите години, потрагата по индувидуалната благосостојба се објаснува и со новата економска конјуктура, како и со фантомите на невработеноста и декласираноста. Без надеж за промена на светот, или контрола над сопствениот живот и кариера, луѓето се задоволуваат со обидот за „ослободување на сопствениот потенцијал“ заради подобрување на сопственото тело и ум. „Не можам да направам многу против сите неправди во светот, иронизира социјалистичката активистка Барбара Еренрајх во книгата „Природни причини“, но „можам да одлучам дека ќе ја зголемам тежината за десетина килограми на машината за квадрицепси“.

Меѓутоа, оваа моќ е меч со две острици: „Ако чувствуваме дека сме вајари на своето тело и одговорни за своето здравје, тоа значи дека сме потенцијално виновни и за сите недостатоци“, забележува филозофката Изабела Кевал. Како што во 1970-тите години, во книгата „Нарцистичка култура“ дијагнозираше социологот Кристофер Лaш, ако се одбива институционалната политика заради патернализмот, на нејзино место се става „строгото и казниво его“.

Современата опсесија со здравиот живот не може да нè заштити од болест и смрт, како што потсетуваат некои трагикомични примери во книгата на Барбара Еренрајх: Џереми Родал, основач на списанието „Prevention“ и шампион на органската исхрана, кој изјавил дека ќе живее сто години, умрел од срчев удар во 72-та година. Лусил Робертс, многу активна сопственичка на синџир спортски сали за жени, која никогаш не јадела помфрит, ниту пушела, умрела од рак во 59-та година. На ова може да се додаде и примерот на основачот на компанијата „Apple“, Стив Џобс, голем промотор на вегетеријанството, натуропатијата и медитацијата, кој умре во 56-тата година ор рак на панкреас. Често забораваме: само 60 отсто од болестите од рак моѓат да се сведат на канцерогени...

Одржувањето на витка фигура, сепак има некои предности, почнувајќи од оние кои ја легитимираат телесната состојба, во голема мера откривајќи ја класната привилегија. Социјалната супериорност на тој начин се потпира со моралната супериорност: способноста за самодициплина, самоконторла, дури и страдање, сето тоа може да се разбере како „знак на труд кои ги потврдува заслугите и себенадминувањето“, вели Куевал.

А бидејќи имаме тело според заслугите, дебелината станува знак на мрзливост или недостиг на волја. Со други зборови, немаме премногу килограми затоа што сме сиромашни, туку сме дебели и сиромашни затоа што ни недостасува волја: идеална визија за дискредитирање на начелото на солидарност. Додека нивото ан социјалните скалила, професијата и системот на јавното здравство имаат клучна улога за здравјето, „според доктрината на индивидуалната одговорност, личноста што не е во форма ќе биде не само објект на одбојност, туку и омраза“, продолжува Еренрајх. Зачестенииот приговор за проширувањето на социјалната сигурност е следниов: „Зошто да им плаќам на оние дегенерици кои смаи одлучиле да пушат и јадат хамбургери?“

Редовоното практикување на спрот има и функција на социјално разликување. Во книгата „Збир на мали работи“, Елизабет Курид – Халкет ги анализира последиците на релативната демократизација на „видливите“ потрошувачки добра во САД. Сега, кога ссредната класа, особено со помош на кредитите, има пристап до големи автомобили и маркирани чанти, припадниците на повисоките класи пронајдоа нови начини на означување на сопствената општествена позиција и самопрепознавање. Тоа вклучува бројни суптилни пракси: користење платнена торба, пиење млеко од бадем, наместо кравјо млеко, вежбање на кундалини јога...

Овој начин на потрошувачка се однесува на општествената категорија која авторката ја именува како аспиративна класа, буквално „амбициозна класа“, што потсетува на „професионална класа“, која во САД ја проучуваше Томас Франк. Тоа не се оние 1 отсто од Волстрит, ниту олигархијата со приватните јахти и авиони, тоа се оние 5 или 10 отсто кои со „еколошкото“ однесување се разликуваат од масите на оние кои купуваат во „Волмарт“. Можеби и повеќе од оние 1 отсто, оваа класа на креативни, урбани и либерални „го репродуцираат богатството и поголемата социјална мобилност на штета на средната класа“, вели Елизабет Курид-Халкет.

Во САД, исто како и во Франција, добростоечките жители на градовите се оние што сè повеќе посетуваат спортски клубови, вклучувајќи ги оние помалку луксузните. Во САД, 20 отсто на најбогатите неделно вежба шест пати повеќе отколку истиот процент на најсиромашните. Во Франција 87 отсто на сопственици на мали претпријатија се занимава со спорт, наспроти 84 отсто од целокупната популација. Глобалниот пораст на посетеноста на спортските сали не ја сопира зачестеноста на прекумерната тежина, најраширена на дното на социјалното скалило. А процутот на ефтините фитнеси или неодамнешното уфрлање на кељ во менито на Мекдоналдс не го покренува овој тренд.

Извор: Le Monde diplomatique

ОкоБоли главаВицФото