„Пост-родовост I“- нова колекција на Лудус

15.05.19 12:54

Замислувајќи ја иднината на општеството каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за новата колекција на модната марка „Лудус“, насловена како „Пост-родовост I”.

Дизајнерот Драган Христов го продолжува својот авторски израз и со оваа безродова колекција, во која парчињата се изработени од природни материјали - памук, лен, свила и рециклирана кожа.

Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

Фотографијата за кампањата за оваа колекција е на Маријо Жупанов, соработник на брендот од Словенија, Мартина Ивановска е задолжена за шминката и фризурите и асистентот Ивана Секулоска. Моделите беа пронајдени преку кастинг на социјалните медиуми минатиот месец. Продукцијата на видеото е на Мирослав Илиќ.Извор: Vimeo

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото