Програмер се двоуми помеѓу фирма што има пинг-понг и фирма што има пикадо

12.12.2019 01:32
Програмер се двоуми помеѓу фирма што има пинг-понг и фирма што има пикадо

Програмерот Милутин Соколов (26) на ЛинкдИн објави прашање дали да избере компанија што има пинг-понг или компанија во која вработените играат пикадо и предизвикал лавина реакции и коментари.

Соколов прашањето го поставил бидејќи не можел да одлучи што е подобро за неговиот личен и професионален развој, пинг-понг или пикадо, па одлучил да го чуе мислењето на другите колеги.

Сите останати услов што ги добив во двете компании се речиси исти, така што останува само да ја решам дилемата помеѓу пикадо и пинг-понг. Подеднакво ги сакам двата спорта и затоа ми е тешко да одлучам.

Тој вели дека во коментарите на своите колеги добил доста интересни одговори и делувало како да бил малку поблиску до конечната опција, но имало и такви што го натерале на ново размислување.

-Некои колеги ми рекоа дека треба да размислам и за компаниите кои не придаваат значење само на пинг-понг, пикадо или лејзи бегз, туку и кои на своите вработени им овозможуваат и развој на кариерата преку комплетен процес на воспоставување на еден информационен систем. Мислев дека такво нешто не постои. Мислам, каква е таа компанија во која не се најважни шарените соби за разонода, флипери или билијард?! Меѓутоа, некои колеги ми посочија дека има компании што навистина размислуваат на тој аут-оф-д-бокс начин и кои повеќе се фокусираат на вработените и нивното постојано усовршување, отколку на забавни содржини во канцелариите – објаснува Соколов.

Иако овој млад програмер бил на работ dа пресече, сега серионо размислува да се вработи во компанија во која ниту пинг-понг ниту пикадо не се приоритети.

-Веќе со години мислам дека компаниите што имаат такви содржини се посебни и поинакви, но реално, кога сите имаат пинг-понг, тие не се поинакви, туку исти како и сите други. Денес всушност е реткост компанијата да не става премногу акцент на тоа, туку да се бави со своите вработени низ постојано учење и пракса. Така што можеби на крајот ќе одлучам, за промена, да се испробам во компанија во која пинг-понг не е приоритет. Ионака не ни знам да играм, барем нема да морам да одам да им купувам суши на олегите после секоја изгубена партија – заклучува Соколов.

Извор: njuz.net

ОкоБоли главаВицФото