Румена Бужаровска: Претставата „Мојот маж“ е како збирка раскази на сцена

14.02.2020 13:36
Румена Бужаровска: Претставата „Мојот маж“ е како збирка раскази на сцена

Писателката Румена Бужаровска според чијашто збирка раскази „Мојот маж“, режисерката Нела Витошевиќ во Драмскиот театар ја постави истоимената претстава, чија премиера ќе се одржи во сабота, 15 февруари, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, вели дека не учествувала директно во драматизацијата на книгата.

„Знам дека претставата ќе биде многу интересна, зашто ги гледав пробите. Не учествував директно во процесот, но имам комплетна доверба во Нела. Не е мое да решавам дали некој ќе го пренесе текстот вака или онака или како ќе ја интерпретира книгата, мое е да ги дадам авторските права.

Се работи за шест раскази во кои различни жени зборуваат во прво лице, наводно за своите сопрузи, но всушност кажуваат многу други работи. Не се работи само за моите текстови, режисерката ја вклучува и самата екипа да влезе со текстови кои се инспирирани од моите раскази и покажува од каде актерите ги црпаат емоциите. Јас сум многу горда на тоа како изгледа претставата. Сето тоа изгледа како збирка раскази на сцена“, вели Бужаровска.

Извор: Утрински брифинг