Загубено

18.08.2020 16:01

Во трамвај млада жена ѝ зборува на друга млада жена за некоја трета:
таа загуби двајца мажи.
Како да се клучеви.
Па и се како клучеви.
Па и се како чадори,
како метални пари,
како лични карти,
како мобители,
како две улични кучиња,
како билети за кино,
како телефонски броеви,
како хемиски пенкала,
па и се како две деца во голем град, а
слични се со другите загубени работи
што скриени се ругаат од некое непознато место.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото