Некои лудаци

17.08.2020 13:08

Некои лудаци нè затркалале,
и нив пред тоа некои лудаци ги затркалале,
и ние некои лудаци затркалавме,
и тие затркалале некои лудаци кои
се спремаат да затркалаат некои лудаци.
После сè островот е полн со лудаци и лудачи
мали, големи, средни и со други големини
што се тркалаат бавно, побрзо и најбрзо
во различни насоки, влегувајќи, излегувајќи,
судирајќи се притоа или не.
Речникот вели: тркалањето е кружно движење,
пристигање, недостигнување, опијанување,
залудување со вртежот како што тоа го прават
Земјата, Сонцето и другите ѕвезди.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото