Преведувач

24.02.2024 15:37

Кога преведувам роман, на половина осеќам дека веќе немам крв. Писателот, таа вампирска особа, ми исцицал, збор по збор, сè. Имав и јас своја приказна, додуша неодредена и матна; немам веќе ништо, сè истекло, сега сум празен. А писателот кој не постоел на мојот јазик, значи кого го немало, тука е. Од вавилонскиот хаос најмногу јас настрадав. Таа ме прашува: Мил, што правеше? Јас велам: Давав зборови на друг. Ги имаш ли уште? Малку, велам, ги тргам за миг од своите рамења проклетите заби и ѝ велам: Дојди!

Превод: П. В.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото