Моите предци

27.01.2021 23:27

Доста што имам крвоток
не ми треба наследство

 

Моите предци скромно лежат
Ни паметник им нема
Да се знае: тука и тука и тука така и така Ништо!

Се случи сè и да се повтори не може ништо
Освен сонцето и месечината!Тоа е сега земја! Облаче е тоа и ветар!

Нека биде: така како што е
И право е: така како што е

Како што почиваат
Нечии таму под катедрали пирамиди колосеуми
Моите предци уште поспокојно нека почиваат под облаците чисти!
Под дини и грстови и ветар:
Нив нема што да ги удри!
Се случи сè и не може да се повтори ништо!
Тоа е сега земја! Тоа е карпиште и бездна!
Како што почиваат
Нечии таму под катедрали пирамиди колосеуми
Предците мои нека почиваат уште поспокојно над темните бездни!
Над сите тие струи и карпишта во бездни!
Над светлините и пребарувањата на пеколот:
Нив нема што да ги удри!
Ни еден ишијас со себе не понесов во гробот
Ни една пара
За грешната душа!
Предците мои скромно лежат
Ни паметник им нема
Да се знае: тука и тука и тука така и така Ништо
И нека е: така како што е
И право е: така како што е
И јас на пример кога ќе се кревам
Ќе биде како земјата сама да се крева!
И облакот и ветрот!

Превод: Матеја Матевски

Илија Ладин (1929-2001; вистинско име: Ilija Kozić), поет роден во Бањалука, во Босна и Херцеговина. Целиот живот, до пензијата, работел како наставник, професор и библиотекар ширум Босна и Херцеговина. Објавил дванаесет стихозбирки и е добитник на повеќе награди. Пoважни поетски книги: „Пред тебе ништо“ (1968), „Од небото наваму“ (1973), „Песни за птиците“ (1979), „Песни“ (1982)...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото