Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти

17.02.2021 13:20

Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ.

Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти.

Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност.

Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата, ниту дека ќе има негативни последици.

Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот, иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти.

Стево Пендаровски, во интервју за MKD.mk, 17.02.21.

 

ОкоБоли главаВицФото