Марфиев закон

25.01.2011 11:22
marfiev-zakon-naslovna.jpg

Дали некогаш телефонот ви заѕвонил во моментот кога сте седнале на клозетската даска? Дали било кога автобусот што сте го чекале се појавил во моментот кога сте ја припалувале цигарата? Дали се случило оној ден кога сте го измиле автомобилот да почне да паѓа дожд, односно дали престанало да врне штом сте купиле чадор? Можеби тогаш сте почувствувале дека нешто се случува, дека на дофат ви е некаков универзален принцип, кој само чека да го именувате. Или можеби, откако сте слушнале за Марфиевиот закон, Петеровото начело или за Законот на селективна гравитација, сте посакале да привикате некој од нив, но во истиот час сте заборавиле како тој точно гласи.
Овде, во форма на мала книга, се наоѓа една компилација од умот и мудроста на нашите прекрасно луди технолози, бирократи, хуманисти и антиопштествени набљудувачи, приредена и претставена со цел сите нам да ни донесе малку кармичко олеснување.

“Ние сме од кривата страна на таписеријата”, рече таткото Браун, прочуениот свештеник-детектив на Честертон. Навистина сме. Неколку кончиња, понекоја случајна нишка, тоа е сè што гледаме од големото небеско ремек-дело кое го исткал најрастрошниот од сите ткајачи. Мал број на храбри поединци се осмелил да ја истражува другата страна на таписеријата, предизвикувајќи го, во своето трагање по вистината, гневот на Чуварот на Карпата. На тие поединци им е посветена оваа книга.

Бесплатно преземете ја од линкот подолу:

ПрилогГолемина
Преземи1.35 MB

Слични содржини

Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека

ОкоБоли главаВицФото