Митоловка и Митовник

09.12.2022 14:17
Митоловка и Митовник

Митоловката претставува ново и многу ефикасно средство за борба против коруопцијата во Македонија.  Со оглед дека корупцијата го разјадува нашето општество, ја уништува нашата иднина и ги богати нашите политичари, олигарси и кој уште не, решивме да ja креираме oваа ефикасна алатка за борба против корупцијата. При развојот на Митоловката (мишоловката) тргнавме од фактот дека всушност примачите односно оние кои бараат мито се стаорци на општеството и согласно репликата од култниот Македонски филм „Среќна нова 49та“ решивме на стаорците на општеството да удриме со стаорски средства. Се надеваме дека граѓаните како и странските претставници (кои се единствените во кои граѓаните имаат доверба) ќе ги увидат бројните предности на митоловката и ќе ја употребуваат се додека и последниот стаорец не го напушти ли не биде уловен на бродот Македонија.

Заедно со митоловката како прирачник за поставување мамки (колку мамка да се стави за одреден тип стаорец) денес го промовирме и митовникот во кој на директен и сликовит начин се дадени упатствата.

Со оваа акција Центарот за современи уметности се приклучува на одбележувањето на 9ти декември – Светскиот ден за борба против корупцијата.

Акцијата е дел од проектот Артиватор на Центарот за современи уметности поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

ОкоБоли главаВицФото